Борис Вишински

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Борис Вишински
Роден/а6 јуни 1929
Македонија Скопје, Македонија
Починат/а2011
ЗанимањеПисател

Борис Вишински e раскажувач, романописец и драмски автор. Роден е на 6 јуни 1929 во Скопје. Завршил Правен факултет во Скопје. Бил уредник на списанијата „Културен Живот“ и „Македонска Ревија“. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1958 година. Неговите дела се преведени на повеќе јазици.[1]

Литературно творештво[уреди | уреди извор]

  • Сенки и жед (роман, 1958)
  • Девојка (драма, 1962)
  • Виножито (роман, 1972)
  • Древни брегови (раскази, 1975)
  • Лавина (роман, 1978)
  • Рацин (драма, 1979)
  • Клисура (роман, 1983)
  • Барбара (раскази, 1983)
  • Тесно море (роман, 1986)
  • Круна од песок (роман, 1992)
  • Кожа од облаци (роман, 1993)
  • Крстот на Богомил (роман, 1994)

Награди[уреди | уреди извор]

Добитник е на наградите: „Кочо Рацин“, „4 Јули“, „13 Ноември“, „Стале Попов“, „Петрозино“, „Михаил Еминеску“, „Марио Рестиво“, „Јозефин“ и „Данте Алегиери“ за литературнен опус на странски автор во Италија.[2]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Македонски ПЕН
  2. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 53.