Неорганска хемија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Структура на јонска рамка во калиум оксид, K2O

Неорганска хемија е гранка на хемијата која се занимава со изучување на својствата на неорганските соединенија. Ова поле ги покрива соединенијата на сите елементи од периодниот систем освен, големиот број на органски соединенија, кои се пак предмет на органската хемија. Разликата меѓу двете дисциплини е далеку од апсолутна. Органометална хемија е пример област каде што и двете дисциплини делат заеднички интерес.
Неорганската хемија има голем удел во секој аспект на хемиската индустрија, вклучувајќи ги и науката, пигментите, сурфактантите, лаковите, медицината, горивото и земјоделството. Неорганските соединенија се поделени на повеќе групи според составот т.е. од кои елементи се составени. Тие се делат на:


Неоргански соединенија, со исклучок на ограничен број на соединенија на јаглерод [карбиди, карбонати, едноставни оксиди на јаглеродот(CO, CO2, и цијаниди), алотропи на јаглеродот (дијаманти и графити)]. Сепак, според биолозите може да се направи разлика меѓу органските и неоргански соединенија на поинаков начин кој не зависи од присуството на јаглероден атом. Базени на органска материја, на пример, кои биле метаболички приклучени на живи ткива се распаднати ткива, но како молекула може да оксидира во отворена средина, како што е атмосферата. Со ова се создава посебен базен на неоргански соединенија. Разликата помеѓу неоргански и органски соединенија, не е секогаш јасна кога се занимаваат со отворени и затворени системи, бидејќи сè е во крајна линија поврзано со сè друго на планетава. Некои научници, на пример, ја гледаат оваа отворена средина (односно, ecosphere) како продолжување на животот и од оваа перспектива може да се разгледа CO2 како органско соединение. МСЧПХ, агенција широко призната за дефинирање на хемиски услови, ни нуди дефиниции дали соединенијата се неоргански или органски. Оттука, дефиницијата за неоргански наспроти органски соединенија во мултидисциплинарен контекст спојува поделба меѓу живите и неживите, прашање кое и понатаму останува отворено за дебата, според начинот на различните погледи на светот.

Поврзано[уреди | уреди извор]