Добар ден таго

Од Википедија — слободната енциклопедија
Добар ден таго
Постерот (на шпански јазик) за филмот на Ото Премингер (1958)
АвторФрансоаз Саган
Изворен насловBonjourTristesse
ЗемјаФранција
Јазикфранцуски
ИздавачÉditions Julliard
Издадена
1954

„Добар дан таго“ (француски: Bonjour Tristesse) – новела од Франсоаз Саган издадена во 1954 година, кога авторката имала само 18 година. Насловот е земен од песната на Пол Елијар „Едвај нагрдена“(À peine défigurée) која почнува со стиховите „Збогум таго / Добар ден таго...“. Врз основа на романот, во 1958 година бил снимен филм кој го режирал Ото Премингер.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Прв дел (1-6 глава)[уреди | уреди извор]

Седумнаесетгодишната Сесил го поминува летото во вила на француската ривиера, заедно со татко ѝ Ремон и неговата љубовница, младата, површна и модерна Елса Макенбург, која добро се согласува со Сесил. Ремон е привлечен, светски, аморален маж кој постојаната прељуба ја оправдува со цитатот за гревот од Оскар Вајлд: „Гревот е единственото нешто со живи бои што постои во модерниот свет.“[2] и го прифаќа тој животен стил како типичен. За Сесил, една од предностите на нејзиниот татко, којшто нема интелектуален интерес, е што тој воопшто не се грижи дали таа учи или не. Друга предност е што ѝ дава одврзани раце во привлекувањето мажи. За време на одморот, Сесил го запознава студентот Сирил со кого започнува љубовна врска.

Мирниот одмор на Сесил е нарушен со доаѓањето на Ана Ларсен, пријателка на нејзината покојна мајка. Културна, принципиелна, интелигентна и работна жена на Ремонова возраст, Ана некое време се грижела за Сесил. Рејмон е воодушевен од Ана, а и таа покажува наклонетост кон него така што започнуваат љубовна врска и ја објавуваат нивната свршувачка. Ана ѝ забранува на Сесил да се гледа Сирил и ја принудува да почне да учи. Сесил крои план да го спречи бракот на татко и со Ана, која ја сфаќа како закана за нивниот мирен и безгрижен живот.[3]

Втор дел (7-12 глава)[уреди | уреди извор]

По објавувањето на намерата на татко ѝ да се ожени, во текот на следните денови, дотогаш безгрижната Сесил станува нерасположена и започнува да се преиспитува и да си го замислува идниот живот со Ана. Еден ден, во вилата доаѓа Елса и Сесил ја убедува дека Рејмон сè уште ја сака и ја наговара да се пресели во вилата во која живее Сирил, преправајќи се дека му е девојка и така да ја растури врската меѓу Рејмон и Ана. Според планот на Сесил, Рејмон неколкупати ги среќава Сирил и Елса заедно и тоа предизвикува љубомора кај него. Во меѓувреме, еден ден, Сесил го посетува Сирил во неговата вила и тогаш за првпат водат љубов по што кај неа се разгорува љубовта кон него. Најпосле, Рејмон закажува средба со Елса, а Ана ги здогледува во мигот кога се бакнуваат во шумата. Растревожена, таа веднаш ја напушта вилата, а Сесил дури тогаш сфаќа дека Ана, која дотогаш ја сметала за рамнодушна, е емотивна и ранлива. Бидејќи им недостига, Рејмон и Сесил ѝ пишувата писмо на Ана, молејќи ја да се врати, но тогаш им јавуваат по телефон дека Ана излетала со автомобилот во провалија. Кога пристигаат во болницата, дознаваат дека Ана е мртва, а Сесил се сомнева дека тоа воопшто не било несреќен случај, туку Ана извршила самоубиство. Сесил и Рејмон се враќаат во Париз за да присуствуваат на погребот на Ана, а потоа му се враќаат на празниот, површен живот: Реј има нова љубовница, а Сесил го заборава Сирил и има ново момче. Сепак, понекогаш, кога е сама, таа помислува на судбината на Ана и тогаш ја обзема тага.[4]

Ликови[уреди | уреди извор]

  • Сесил, богата и безгрижна седумнаесетгодишна девојка
  • Ремон, нејзиниот средовечен татко, познат посетител на забави и швалер
  • Елса Макенбург, последната љубовница на Ремон на почетокот на новелата
  • Ана Ларсен, стара пријателка на семејството на Сесил, која ја чувала Сесил по смртта на мајка ѝ
  • Сирил, 26-годишен тудент по право кој престојува во соседната вила.

Осврт кон делото[уреди | уреди извор]

Во 1999 година, во анкетата спроведена од францускиот весник „Монд“ (Le Mond), романот „Добар ден, таго“ бил избран меѓу стоте најдобри книги на 20 век, заземајќи го 41. место. Веднаш по појавата, романот предизвикал големо внимание кај публиката и кај критиката: за него, Саган ја освоила Наградата на критиката, а неговата продажба достигнала милионски тиражи и на Саган ѝ обезбедил голема слава и богатство. По повод објавувањето на романот, францускиот писател Моријак ја нарекол Саган „малиот шармантен монструм“, а според зборовите на Саган, „оваа инстинктивна и сурова книга е исполнета со сензуалност и невиност, со експлозивна смеса која денес возбудува исто колку и вчера.“[5]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Camper, Fred (1999). Bodies in Motion
  2. Gleeson, Sinéad (2004). Bibliofemme review Архивирано на 29 март 2018 г.
  3. Fransoaz Sagan, Dobar dan, tugo. Beograd: Laguna, 2020, стр. 9-57.
  4. Fransoaz Sagan, Dobar dan, tugo. Beograd: Laguna, 2020, стр. 61-131.
  5. Fransoaz Sagan, Dobar dan, tugo. Beograd: Laguna, 2020.