Добар ден таго
![]() Постер на шпански јазик од филмот на Ото Премингер (1958) | |
Автор | Франсоаз Саган |
---|---|
Изворен наслов | BonjourTristesse |
Земја | Франција |
Јазик | француски |
Издадена | 1954 |
Добар дан таго (француски: Bonjour Tristesse) – новела од Франсоаз Саган издадена во 1954 година кога авторката имала само 18 години и доживеала моментален успех. Насловот е земен од поемата на Пол Елијар „Едвај нагрдена“ ("À peine défigurée"), која почнува со стиховите „Збогум таго / Добар ден таго...“. Во 1958 година снимен е филм со адаптација на новелата кој го режирал Ото Премингер.[1]
Содржина[уреди | уреди извор]
Седумнаесетгодишната Сесил го поминува летото во вила на француската ривиера со татко ѝ Ремон и неговата моментална љубовница, младата, површна и модерна Елса, која добро се согласува со Сесил. Ремон е привлечен, светски, аморален маж кој постојаната прељуба ја оправдува со цитатот за гревот од Оскар Вајлд : „Гревот е единственото нешто со живи бои што постои во модерниот свет.“ Сесил вели: „Верував дека можам да си го засновам животот на тоа“[2] и го прифаќа овој животен стил како типичен. За Сесил, една од предностите на нејзиниот татко, којшто нема интелектуален интерес, е што тој воопшто не се грижи дали таа учи или не. Друга предност е што ѝ дава одврзани раце во привлекувањето мажи. Иако во почетокот почнува со мажи на возраст од нејзиниот татко, во вилата до нивната е млад човек на дваесеттина години, Сирил, со кој таа започнува романса.
Мирниот одмор на четворката е нарушен со доаѓањето на Ана, која Ремон нејасно ја поканил. Културна, принципиелна, интелигентна и работна жена на Ремонова возраст, која била пријателка на неговата покојна жена, Ана се смета себеси за кума на Сесил. Се развива натпревар меѓу трите жени, кој го добива Ана, така што спие со Ремон и утредента ја објавува нивната свршувачка. Елса се отселува, по што Ана се свртува кон Сесил. Таа ѝ вели да престане да го гледа Сирил и да им се врати на книгите. Престрашена пред заканата за нејзиниот мрзлив живот како миленичка на нејзиниот татко, Сесил крои план да го спречи бракот.
Со идеја да го направи Ремон љубоморен, таа организира Елса и Сирил да се преправаат дека се пар и на моменти да се појавуваат заедно. Кога Ремон не може повеќе да го поднесе нивното забавување, тој оди да ја бара Елса. Но Сесил погрешно ја проценила емотивноста на Ана што води до трагични резултати. Таа, кога ги видела двајцата во шумата, залетува со автомобилот и лета од карпата. Подоцна излегува дека Ремон и Елса само се бакнале.
Сесил и нејзиниот татко му се враќаат на празниот, површен живот што го живееле пред Ана да го прекине нивното лето.
Ликови[уреди | уреди извор]
- Сесил, богата и безгрижна седумнаесетгодишна девојка
- Ремон, нејзиниот средовечен татко, познат посетител на забави и швалер
- Елса, последната љубовница на Ремон на почетокот на новелата
- Ана, стара пријателка на семејството на Сесил, која ја чувала Сесил по смртта на мајка ѝ
- Сирил, млад човек кој живее до нив.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Camper, Fred (1999). Bodies in Motion
- ↑ Gleeson, Sinéad (2004). Bibliofemme review Архивирано на 29 март 2018 г.
|