Џовани Батиста Ходиерна или Одиерна (итал.Giovanni Battista Hodierna или Odierna, Рагуза, 13 април1597 - Палма ди Монтекјаро, 6 август1660) бил италијанскиастроном кој работел на дворот на Војводата од Монтекјаро. Составил каталог со околу 40 записи, вклучувајќи 19 вистински и потврдливи магливи објекти што би можеле да се помешаат со комети. Ова дело датира пред славниот Месјеов каталог, но немало некое влијание. Месје најверојатно не бил запознаен со него.[1]