Џовани Батиста Ходиерна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џовани Батиста Ходиерна

Џовани Батиста Ходиерна или Одиерна (итал. Giovanni Battista Hodierna или Odierna, Рагуза, 13 април 1597 - Палма ди Монтекјаро, 6 август 1660) бил италијански астроном кој работел на дворот на Војводата од Монтекјаро. Составил каталог со околу 40 записи, вклучувајќи 19 вистински и потврдливи магливи објекти што би можеле да се помешаат со комети. Ова дело датира пред славниот Месјеов каталог, но немало некое влијание. Месје најверојатно не бил запознаен со него.[1]

Ходиерна е роден во Рагуза (Сицилија), а починал во Палма ди Монтекјаро, исто така во Сицилија.

Наводи[уреди]

  1. Birthday of a star cluster, Astronomy Now, јануари 2011, стр. 20.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]