Мајкл Џексон: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Vekip8 (разговор | придонеси)
с Откажано уредување 782113 (автор: Flix | Разговор)
Ред 62: Ред 62:


Џексон се женеше два пати и имаше три деца.
Џексон се женеше два пати и имаше три деца.


'''Почивај во мир,кралу'''


== Референци ==
== Референци ==

Преработка од 18:45, 14 октомври 2009

Мајкл Џексон
Michael Jackson
Мајкл Џексон во 1984
Животописни податоци
Родено имеМајкл Џозеф Џексон
Роден(а)август 29, 1958(1958-08-29)
Гери, Индијана, САД
Починал(а)јуни 25, 2009(2009-06-25) (возр. 50)
Предлошка:City-state, United States
Жанровипоп музика, ритам и блуз, рок музика
Занимањапејач, текстописец, продуцент, аранжер, танчер, кореограф, актер, автор, бизнисмен и финансиер
Инструментипеење, повеќе инструменти
Период на активност1967 - 2009
ИздавачиMotown, Epic, Sony
СоработнициThe Jackson 5/The Jacksons
Мреж. местоMichaelJackson.com

Мајкл Џексон (29 август 195825 јуни 2009[1]) беше американски пејач, текстописец и шоумен. Тој бил седмо дете на фамилијата Џексон и започнал да пее професионално на 11 годишна возраст како дел од групата The Jackson 5. Своја соло кариера започнал во 1971 година додека бил се уште во групата. Мајкл Џексон е наречен „Крал на поп музиката“ и пет од неговите албуми станаа најпродавани светски албуми.

Трагична и неочекувана смрт на „Кралот на поп музиката“

Во месец јуни 2009 година, Мајкл Џексон бил итно пренесен во болница. Тој во кома бил на 25 јуни кога во 6 часот истиот ден по локално време починал[2]. Причината за комата биле срцеви проблеми.

Американската поп-ѕвезда Мајкл Џексон почина во Лос Анџелес на 50-годишна возраст, поради проблеми со срцето.

Џексон во попладневните часови на 25 јуни, 2009 по локално време бил пренесен во болницата „Роналд Реган“ во Лос Анџелес во состојба на длабока кома, пошто набрзо лекарите констатирале смрт.

Американските медиуми јавуваат дека Џексон не давал знаци на живот ниту кога екипата на брза помош пристигнала во неговиот дом.

Претставникот на службата за судска медицина на Лос Анџелес, Фред Корал информира дека Џексон починал во 14:26 часот по локално време (23:26 по средноевропско време).

Тој нагласи дека причините за смртта на поп-иконата на 80-те ќе бидат познати откако ќе биде извршена обдукција на неговото тело.

Американските медиуми објавија дека Џексон најверојатно починал од срцев удар.

Братот на Мајкл, Џереми Џексон соопшти дека лекарите еден час се обидувале да го спасат неговиот живот, но дека не успеале во тоа.

Семејството ги моли медиумите да покажат почит кон нашиот личен живот во овој тежок период. Алах нека биде засекогаш со тебе Мајкл, изјави Џереми Џексон на прес-конференција во Лос Анџелес.

Веднаш по објваувањето на веста за смртта на Џексон во болницата пристигнаа членовите на неговото семејство, а пред зградата се собраа голем број обожаватели кои се молеа за негов спас и плачеа.

На 13 јули, 2009, Џексон требаше во Лондон да ја почне серијата од 50 концерти, што требаше да траат до март 2010 година. Билетите за првите десет концерти беа распродадени во рок од неколку часа по пуштањето во продажба.

Сакам да кажам дека ова ќе биде мое последно шоу. Овде во Лондон. Тоа е тоа. Кога велам тоа е тоа, навистина мислам така, изјави Џексон најавувајќи го серијалот од 50-те концерти, што требаа да се оддржат во лондонската арена „О2“ .

Мајкл Џозеф Џексон беше роден на 29 август 1958 година во американската сојузна држава Индијана. Тој музичката кариера ја започна уште како дете пред повеќе од четири децении, како дел од бендот „Џексон Фајв“ составен од неговите браќа.

Својата соло кариера ја започна со албумот „Go To Be There“. Џексон ги испеа некои од најголемите хитови на светската поп-музика, како „Бил Џин“, а неговиот албум „Трилер“ од 1982 година беше продаден во 108 милиони примероци ширум светот, што претставува досега рекордна продажба на еден носач на звук на сите времиња.

Тој дури два пати се најде во „Рокенрол холот на славните, добитник е на 13 музички награди „Греми“, а и повеќекратен рекордер во Гинисовата книга на рекорди. Со своите песни тој беше на прво место на топ листите најдолго од кој било друг машки инпретатор во историјата. Албумите на Џексон се продадени во повеќе од 750 милиони примероци.

Од 2005 тој живееше повлечен од јавноста, откако судот по двегодишен судски процес го ослободи од обвинувањата за сексуална злоупотреба на деца.

Во последните години често пати се пишуваше дека како последица на големиот број пластични операции, кожата на Џексон буквално се распаѓа, а некои таблоиди дури тврдеа дека тој има рак на кожата.

Џексон е познат и по тоа што донираше милиони долари во хуманитарни цели, преку неговата фондација беа организирани 39 добротворни акиции.

Џексон се женеше два пати и имаше три деца.

Референци

Надворешни врски

Предлошка:Link FA