Јангцекјанг: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ZéroBot (разговор | придонеси)
с r2.7.1) (Робот: Додава ckb:ڕووباری یانگتسی
KamikazeBot (разговор | придонеси)
с r2.7.3) (Робот: Ја менувам hy:Յանցզի (գետ) во hy:Յանցզի
Ред 71: Ред 71:
[[gan:長江]]
[[gan:長江]]
[[ko:창 강]]
[[ko:창 강]]
[[hy:Յանցզի (գետ)]]
[[hy:Յանցզի]]
[[hi:यांग्त्सीक्यांग]]
[[hi:यांग्त्सीक्यांग]]
[[hr:Jangce]]
[[hr:Jangce]]

Преработка од 23:36, 21 јануари 2013

Предлошка:Инфокутија за река

Јангцекјанг (некаде само Јангце) или Чанг Јианг е најдолгата река во Азија, а и трета река по должина во светот со должина околу 6.300km. Реката извира во западниот дел на Кина, во провинцијата Кингаи. Реката тече од запад кон исток и се влива во Источно-кинеското Море во близина на градот Шангај. Географски реката ја дели Кина на северна и јужна, што и денес служи како ориентир.

Имиња

Првиот поголем свиок на рејата Јангцекјанг кај Шигу во провинцијата Јунан, кадешто реката заобиколува за 180 степени од југ кон север

Името на реката Јангцекјанг е само едно од многуте на истата река. Всушност реката може да се сретне и како Јангце што е многу распространето, Јангзи, Јангзи Кианг, Јангце Јианг од коешто и најверојатно потекнува името Јангцекјанг. Името Јангце Јианг започнала да го употребува династијата Суи. За време на династијата Минг името на реката било само Јангци. Денес Јангце Јианг е поетското име на реката, а нејзиното модерно е Чанг Јианг, но во употреба најчести се Јангце или Јангцекјанг.

Во Тибет реката е позната под името Дангку (мочуришна река), а во некои јужни кинески провинции и како реката Јинша (река на златни песоци). Денес оваа река е позната и уште како Сина река.

Географија

Јангцекјанг извира на планината Геладандонг на планинскиот венец Дангла во источниот дел на Тибетската висорамнина, во кинеската провинција Кингаи. Реката најпрвин поминува низ Сичуан и Тибет, за да стигне до Јунан. Во овој свој тек реката се спушта од 5000m на само 1000m надморска висина.


Реката поминува низ басенотСиќуан во Јабин кадешто се зголемува нејзиното количество на вода, а потоа тече низ планината Вушан, течејќи покрај Чонгкинг и Хубеи создавајќи ги познатите Три клисури по што реката поминува низ првиот град Јичанг.

Поминувајќи низ Хубеи реката прима вода од повеќе езера од кои најпознато е Донгтинг, а исто така и од реката Хан.

Во северниот дел од Јиангкси најголемото езеро во Кина Појанг се припојува во реката која продолжува да тече низ провинциите Анхуи и Јиангсу, поврзувајќи се со многу пократки реки и помали езера од кадешто стигнува кон својот влив во Источнокинеско Море.

Економско значење

Бродови пловат по Јангцекјанг кон мостот во близина на Нантонг.

Реката е пловна и има огромно економско значење. Постојат две брани на реката. Водата која што тече во реката е чиста, а за тоа служи и фактот дека четири од петте најголеми производители на минерална вода во Кина се служат со водата од реката Јангцекјанг, а водата од истата претставува симбол за чиста вода во Кина.

Наводи