Фурка: Разлика помеѓу преработките

Координати: 41°14′26″N 22°36′47″E / 41.24056° СГШ; 22.61306° ИГД / 41.24056; 22.61306
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Ја менувам Категорија:Села во Република Македонија во Категорија:Села во Македонија
с r2.7.3) (Робот: Ја менувам en:Furka во en:Furka (Macedonia)
Ред 57: Ред 57:


[[bg:Фурка (Община Дойран)]]
[[bg:Фурка (Община Дойран)]]
[[en:Furka]]
[[en:Furka (Macedonia)]]
[[fr:Fourka]]
[[fr:Fourka]]
[[sq:Furka]]
[[sq:Furka]]

Преработка од 11:16, 13 јануари 2013

Фурка
Фурка во рамките на Македонија
Фурка
Местоположба на Фурка во Македонија
Фурка на карта

Карта

Координати 41°14′26″N 22°36′47″E / 41.24056° СГШ; 22.61306° ИГД / 41.24056; 22.61306
Регион Бојмија
Општина Општина Дојран
Шифра на КО 06030
Фурка на Ризницата

Фурка е село во Општина Дојран. Во Фурка живеат околу 1000 жители, сите со македонско потекло и православна христијанска вероисповест. Ова село е дел од општината Дојран, едно од најпопуларните туристички места во државата.

Географиja и местоположба

Фурка е село во југоисточниот дел на Македонија. На запад од реката Вардар, преку Пугана и Габрошка Река, а на исток од Дојранската Котлина, селото лежи на висорамнина од 21 км². Се наоѓа некаде во средината на замислениот триаголник помеѓу Дојран, Богданци и Валандово. Се наоѓа на надморска височина од 350 м, а највисокиот врв е на 456 м. Околу селото има повеќе ритчиња, составени главно од песоклива почва и гранитни карпи. Каде што е тоа можно, луѓето го користат земјиштето за лозарство и овоштарство, а помалку и за други гранки.

Историja

Според историските извори Фурка постои многу одамна, најмалку 1000 години, во кои секогаш ја делело судбината со цела Македонија. Во литературата најрано се спомнува како дел од Самуиловото Царство. Имено, според д-р Стјепан Антолјак Фурка било местото каде, откако биле заробени на Беласица, биле доведени Самуиловите војници и биле ослепени. Многу повеќе се знае за селото за време на турската окупација на земјата. Тука треба да се напомене дека порано Фурка се наоѓала на 2,5 км северно од денешната. Тоа била населба од збиен тип, со неколку анови и фамилии, сместена на патот Скопје - Солун и на патот кој ги поврзувал Албанија и Цариград. Ваквата местоположба подразбира дека поминувале многу луѓе кои отседнувале во фурските анови. Меѓу нив и австрискиот конзул Хан, кој во своето дело „Патување по текот на Дрина и Вардар“, ќе напомене дека „селото Фурка Ан е многу прочуено место на јужниот крај од една клисура, на половина час од Валандово“. Во Османлиската административна поделба селото било дел од Ќустендилскиот санџак, Бојмиска нахија, Дојранска каза, а на феудалниот господар Јусуф - спахија му носела годишен приход од околу 3000 акчиња. Во овој период, односно во 1530 година Фурка за прв пат се спомнува како дервенџиско село. Тоа значи дека луѓето освен со полјоделство и сточарство се занимавале и со дервенџиство, односно ја презеле одговорноста да го чуваат патот Дојран - Валандово, кој миинува низ Дервенската Клисура на чиј јужен крај се простирала старата населба Фурка, од разбојниците карактеристични за анархијата во Турската Империја. На стража секој ден одел по еден маж од секоја фамилија. Оттаму и тврдењето на некои историчаро дека во одреден период на името Фурка бил придодаден и називот Дервен.[1]

Во XVIII век дервенџиите веќе не можеле да ја спречат големата наезда на турски разбојници (башибозук). Тоа ги натерало селаните на најрадикалниот чекор - исселување од селото. Според легендата, тројца калуѓери патувајќи од Штип за Солун застанале да преноќат во ановите. Но, биле фатени од разбојници и биле убиени над селото на местото Колникот. Селаните, исплашени, почнале да се исселуваат на висорамнината над селото акде им биле трлата. Од стара Фурка денес нема речиси никави остатоци, освен двете селски чешми Дервенска и Дилирова. Сега тоа место се нарекува Аниште, се рабира, поради тоа што стара Фурка била позната по ановите. Била основана нова населба, со истото име. Луѓето брзо почнале да создаваат услови за нормален живот. Продолжиле да се занимаваат со полјоделство и сточарство. Во овој период била изградена и црква на заштитникот на Фурка, Свети Илија, во 1878 година. Оттогаш Илинден се слави како празник на селото.

Етимологија

Постојат повеќе тврдења за тоа како селото го добило името. Според народните преданија старото Фурка(кое се наоѓало 2,5 км од новото, денешно Фурка) имало форма на кириличната буква Ф и на фурка за предење. Во некои дела на познати историчари, пак, се тврди дека името потекнува од некои странски зборови. Според едни, „фурка“ на грчки значи губилиште (според наводното ослепување на Самуиловите војници на ова место). Според други името води потекло од турскиот „фурсат“ - што значи лоши луѓе. Имено, познато е дека селаните не дозволиле да се населат Турци во селото. понатаму, се знае дека во определен период му бил придодаден и називот Дервен, поради функцијата што ја имало. Денес, се уште не е сосема јасно од каде потекнува името

Демографија

Во 1573 година Фурка се спомнува како голема населба од 100 домаќинства и 50 неженети. Не е познато како за толку краток период од само 43 години (1530 - 1573) толку многу се зголемил бројот на жители во селото. Во истиот, селаните на спахиите Али и Мурат им плаќале 8667 акчиња. Фурка се спомнува и во пописот од 1700 година, повторно како дел од Бојмиската нахија, со годишен приход за спахиите од 4660 акчиња. Според пописот од 2002 година, во селото Фурка живеат 570 жители, сите Македонци.

Општествени институции

Администрација и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

  1. Печат на едно време - Никола Стојанов

Надворешни врски

Предлошка:Населени места во општина Дојран