Доктор Хаус: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с r2.6.5) (Робот: Менува tr:House (dizi) |
с r2.7.3) (Робот: Менува fa:دکتر هاوس |
||
Ред 62: | Ред 62: | ||
[[eo:House]] |
[[eo:House]] |
||
[[eu:House (telesaila)]] |
[[eu:House (telesaila)]] |
||
[[fa:دکتر هاوس |
[[fa:دکتر هاوس]] |
||
[[fr:Dr House]] |
[[fr:Dr House]] |
||
[[gl:House (serie de televisión)]] |
[[gl:House (serie de televisión)]] |
Преработка од 00:57, 3 септември 2012
Доктор Хаус | |
---|---|
Лого | |
Жанр | болничка драма |
Создадена од | Дејвид Шор |
Улоги | Хју Лори Лиса Еделстајн Омар Епс Роберт Шон Лионард Џеси Спенсер Питер Џејкобсон Оливија Вајлд |
Воведна тема | „Teardrop“ од Massive Attack |
Земја на потекло | САД |
Првичен јазик | Англиски |
Бр. на сезони | 7 |
Бр. на епизоди | 140 (список на епизоди) |
Производство | |
Извршен продуцент(и) | Пол Атанасио Кејти Џејкобс Дејвид Шор Брајан Сингер Томас Л. Моран Расел Френд Герет Лернер Хју Лори |
Продукциска куќа | Heel & Toe Films Shore Z Productions Bad Hat Harry Productions NBC Universal Television Group (2004-2007) Universal Media Studios (2007-сè уште) |
Прикажување | |
Првична мрежа | Fox |
Сликов формат | 480i (SDTV) 720p (HDTV) |
Првично прикажување | 16 ноември 2004 – сè уште |
Надворешни врски | |
Мрежна страница | fox.com/house/ |
„Хаус“, познат и како „Доктор Хаус“ (англиски: House M.D.), е американска медицинска драма која дебитираше на телевизијата Fox на 16 ноември 2004. Серијата е зачната од Дејвид Шор и Пол Атанасио; Шор има заслуга како создавач. Централен лик на серијата е д-р Грегори Хаус (Хју Лори), необичен медицински генијалец кој води тим дијагностичари во измислената болница за учење „Принстон‑Плеjнсборо“ во Њу Џерси. Сижето на серијата потекнува од Атанасио, додека Шор е всушност одговорен за концепирањето на насловниот лик. Извршни продуценти на серијата се Шор, Атанасио, бизнис-партнерката на Атанасио — Кејти Џејкобс и филмскиот режисер Брајан Сингер.
Д-р Хаус често се судира со својот шеф, болничкиот администратор и декан д-р Лиса Кади (Лиса Еделстајн) и со неговиот дијагностички тим, поради многуте негови хипотези за болестите на пациентите се темелат врз суптилни и контроверзни сфаќања. Единствен вистински пријател на Хаус е д-р Џејмс Вилсон (Роберт Шон Лионард), шеф за одделот за онкологија. За време на првите три сезони, дијагностичарскиот тим на Хаус се состои од д-р Роберт Чејс (Џеси Спенсер), д-р Алисон Камерон (Џенифер Морисон) и д-р Ерик Форман (Омар Епс). На крајот на третата сезона, овој тим се распаѓа. Придружен од Форман, Хаус внимателно одбира три нови кандидати: д-р Реми „Тринаесет“ Хедли (Оливија Вајлд), д-р Крис Тауб (Питер Џејкобсон) и д-р Лоренс Катнер (Кал Пен); последниот е отфрлен од серијата при крајот на петтата сезона. Чејс и Камерон продолжуваат да се појавуваат со различни улоги во болницата се до почетокот на шесттата сезона. Камерон си заминува од болницата, а Чејс се враќа во дијагностичарскиот тим.
„Доктор Хаус“ е критички прифатена и има високи рејтинзи на гледаност. Беше помеѓу десетте најгледани серии во САД од втората до четврата сезона; во сезоната 2008–09, паѓа на севкупно деветнаесеттото место. Дистрибуирана во 66 држави, „Доктор Хаус“ беше најгледаната телевизиска серија во светот во 2008 година. Серијата се има здобиено со неколку награди, вклучувајќи ги наградите „Избор на народот“, „Пибоди“, два Златни глобуса и четири „Еми“. Финалето на шестата сезона се емитуваше на 21 мај 2010. Седмата сезона на „Доктор Хаус“ ќе започне со емитување на 20 септември 2010.[1]
Ликови
- д-р Грегори Хаус (Хју Лори) е главниот лик, експерт за дијагноза. Често е груб и саркастичен, и обожува да се закача со други луѓе. И покрај тоа, тој е одличен доктор и секогаш успева пред сите други доктори да го реши медицинскиот случај.
- д-р Алисон Камерон (Џенифер Морисон) е член на тимот за дијагноза на Хаус. Таа е експерт за човековиот имун систем (имунолог). Се смета за најдобра од целиот тим, а често се кара со Хаус за тоа кој е во право, а кој не.
- д-р Роберт Чејс (Џес Спенсер) е член на тимот за дијагноза на Хаус. Тој е експерт за интензивна нега. Д-р Чејс е Австралијанец, па Хаус често го нервира велејќи му дека е Британец поради неговиот акцент.
- д-р Лиса Кади (Лиса Еделстајн) е шеф на болницата. Таа е ендокринологист (специјалист за тероиди). Често мора да се справува со грубоста и непристојноста на Хаус, како и честите нелегални работи. Обично е трпелива со Хаус бидејќи знае дека е најдобриот доктор во болницата.
- д-р Ерик Форман (Омар Епс) е член на тимот за дијагноза на Хаус. Тој е експерт за човековиот мозок (неуролог). Д-р Формен е црнец, па Хаус често дава расистички коментари за него, но тој обично не се лути.
- д-р Џејмс Вилсон (Роберт Шон Лионард) е експерт за рак (онкологист) и е единствен вистински пријател на Хаус. Кога се обиде да ја заштити работата на Хаус, ризикуваше да ја изгуби својата. Бил венчан неколку пати и е Евреин.
Наводи
- ↑ Gorman, Bill (July 13, 2010). „Fox Announces Fall Premiere Dates For 2010-11 Season“. TV by the Numbers. Посетено на 14 јули 2010.
Оваа статија за телевизија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |