Викинзи: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: krc:Викинг
с Бот Менува: la:Viccingi
Ред 87: Ред 87:
[[sw:Waviking]]
[[sw:Waviking]]
[[ku:Vîkîng]]
[[ku:Vîkîng]]
[[la:Vicingi]]
[[la:Viccingi]]
[[lv:Vikingi]]
[[lv:Vikingi]]
[[lt:Vikingai]]
[[lt:Vikingai]]

Преработка од 12:31, 2 октомври 2010

Викиншкиот брод Гокштад на изложба во Осло, Норвешка

Викинзите биле воинствени припадници на народот Норс, страствени корисници на бродови, истражувачи и трговци. По потекло биле од Скандинавија, но, помеѓу доцниот 8 и 11 век успешно напаѓале, освојувале и пљачкале места на бреговите на Британските острови, Франција и други делови од Европа. Периодот на европска историја помеѓу 793 и 1066 година често се нарекува „викиншко доба“.

Викинзите биле познати по нивните долги бродови и способности за навигација. Во рок од неколку стотина години тие успеале да ги колонизираат бреговите и реките на Европа, островите Шетланд, Оркни, Фарските Острови, Исланд, Гренланд како и привремено (околу 1000 година), Њуфаундленд.[1]. Истовремено успеале да пљачкаат и тргуваат јужно дури до Северна Африка а источно до Русија и Константинопол. Викиншките патешествија почнале да се намалуваат откако христијанството се проширило низ Скандинавија во доцниот 10 и 11 век. Викиншкото доба се вели дека завршило со битката на мостот Стемфорд во 1066 година.

Во 18 век, зборот викинг почнал да се користи во англискиот јазик со романтични конотации. Етимолозите тврдат дека првата употреба на зборот потекнува од англо-француските писатели; тие го употребувале зборот „víkingr“ за некој што напаѓал (правел рации) и пљачкал. [2] Во модерните скандинавски јазици, поимот викинг се користи за луѓе кои оделе на викиншки експедиции, без разлика дали тие биле за воена или трговска намена. Во денешниот англиски јазик, зборот викинг најчесто се користи да опише било кои Скандинавци од викиншкото доба. Пред-христијанските скандинавци исто се нарекуваат Норс.

Во англискиот јазик, фразата „to go a-viking“ значи да се напаѓа, да се направи рација. Самиот збор се состои од два дела: вик (залив) и инг (потекло). Со други зборови, зборот вик-инг буквално значи „тие што живеаат во заливот“.

Надворешни врски


Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA