Преславска книжевна школа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Царската резиденција во Преслав

Преславската книжевна школа е прва книжевна школа во Бугарија, основана од страна на кнезот Борис I во 885 или 886 во главниот град Плиска. Се смета дека нејзиниот главен центар била Големата базилика во Плиска. Во 893 Симеон I го преместил седиштето на школата во новата бугарска престолнина Преслав.[1]

Во некои историчари, Преславската книжевна школа ја сметаат за трет универзитет во светот - по Магнаурската школа во Цариград и Ал-Карауин во Фес Мароко).

Преславската книжевна школа е најзначајниот книжевен и културен центар во Бугарија и во целиот словенски свет до согорувањето на Преслав од византискиот цар Јован I Цимиски во 972. Меѓу истакнатите тогашни словенски црковсни дејци и просветители кои работеле во таа школа, се Наум Охридски (до 893), Константин Преславски, Јован Егзарх, Црноризец Храбар.

Школата била и центар на преведувачка активност, особено на византиски автори, како и на создавањето на поезија, сликарство и цртање керамика. Најверојатно таа одиграла важна улога во создавањето на кирилицата, бидејќи најстарите текстови на кирилица се пронајдени во областа на Преслав.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Curta, Florin, Southeastern Europe in the Middle Ages, 500-1250 (Cambridge Medieval Textbooks), Cambridge University Press (September 18, 2006), pp. 221-222

Поврзано[уреди | уреди извор]