Прејди на содржината

Трновска книжевна школа

Од Википедија — слободната енциклопедија

Трновска книжевна школа — бугарска книжевна школа од втората половина на XIV и XV век со исклучително важни придонеси за средновековната книжевност.

Таа е дел од Трновската уметничка школа, која во најголема мера ја олицетворува културата на Второто Бугарско Царство. Евтимиевата правописна реформа и книжевна школа со претставниците Григориј Цамблак и Константин Костенечки имаат значително влијание врз руската, српската, влашката и молдавската средновековна култура. Ова влијание се смета за втор по значење јужнославенски придонес за културата на овие народи.

Појава и развој

[уреди | уреди извор]

Основна и водечка претпоставка за нејзината појава е културниот подем на Бугарското Царство од втората половина на XIV век. Во голема мера влијанието на овој подем бил од силниот интерес на царот Јован Александар за литературата и уметноста и соодветно традициите и вредностите во таа насока, кои тој им ги остава на своите наследници Иван Шишман и Јован Страцимир. Заслуги за создавањето на Трновската книжевна школа има и патријархот Теодосиј Трновски, кој јасно сфаќа, дека една таква школа ќе ѝ овозможи на автокефалната бугарска црква да го рашири и засили своето влијание на православните словенски држави.

За основач на Трновската книжевна школа се смета патријархот Евтимиј, а нејзино средиште е престолнината на Второто Бугарско Царство, Трново. Со својата правописна и јазична реформа, Евтимиј востановува општовалидни јазични и правописни правила, применети подоцна не само во Бугарија, туку и во руските кнежевства, Србија, Влашка и Молдавија.

Дејноста на писателите од Трновската школа е сврзана со создавање на оригинални литературни производи, но исто така и преводи од грчки оригинали и создавање на зборници.

Особености

[уреди | уреди извор]

Трновската книжевна школа била под силно влијание на византиската книжевност. Нејзиниот карактер е претежно религиозен, во традициите на источноправославната црква. Во однос на видот нејзините дела главно спаѓаат во агиографската литература: похвални слова, житија, химни и други. Основна задача на авторите на житијата е прослава на соодветниот светец и ширење и јакнење на култот кон него. За повеќето писатели на школата (Евтимиј, Цамблак) карактеристично е засиленото присуство, на инаку задолжителните за овој жанр, чудеса. Нивниот однос кон еретичките учења богомилство, варлаамство, адамитсво, е крајно непријателски и осудителен. Тоа исто така ја одразува позицијата на Трновската патријаршија.

Често се среќаваат раскази за пренесување на мошти на светци. Нема единствено мислење дали тие треба да се сметаат за продолженија на житијата или за самостоен жанр. Заедно со утврдувањето на чудотворната моќ на светците, авторите упатуваат похвали кон владетелите и благородниците кои се погрижиле за пренесувањето и складирањето на моштите. Заради тоа во овој тип дела често има и кратки, но вредни историски сведоштва.

Претставници

[уреди | уреди извор]

Главни претставници на школата биле:

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Литература

[уреди | уреди извор]
  • „Страници из историята на Търновската книжовна школа“, Георги Данчев, издателство „Наука и изкуство“, София, 1983 г.
  • „Григорий Цамблак“, Константин Мечев, издателство „Наука и изкуство“, София, 1969 г.
  • "Старобългарска литература", БАН, София, 1971