Пост на Годолија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пост на Годолија
Офиц. називхебрејски: צוֹם גְּדַלְיָה
Наречен иПост на седмиот месец
Го празнува(ат)Евреи
Видеврејски
Значењесе жали убиството на Годолија
Почнува3 тишри, во зора (ако е шабат, тогаш 4 тишри)
Завршуваистиот ден, на зајдисонце
Обичаипостење
ПоврзаноДесет дена на покајание

Пост на Годолија (хебрејски: צוֹם גְּדַלְיָּה, Цом Гедаља) — еврејски пост кој трае еден ден од зора до самрак со цел да се жали за убиството на праведниот владетел на Јудеја, Годолија, со чие убиство се прекинала еврејската автономија по уништувањето на Првиот ерусалимски храм.[1]

Потекло[уреди | уреди извор]

Кога вавилонскиот цар Навуходоносор го освоил Ерусалим, ги убил и протерал повеќето од неговите граѓани и го назначил Годолија, син на Ахикам, за владетел на покраината Јудеја која станала вавилонска покраина. Многу Евреи кои пребегнале во Моав, Амон, Едом и други соседни земји, се вратиле во Јудеја, повторно одгледувале винови насади и дочекале оддишка по нивните претходни страдања.

Меѓутоа, царот на Амон, Ваалис, бил непријателски настроен и завидувал на она што останало од Јудеја и испратил Јудеец — Исмаил Нетаниев — кој бил по потекло од царското семејство на Јудеја, да изврши убиство врз Годолија. Во седмиот месец (тишри) од 582 г. (1 година п.н.е.; околу четири или пет години по уништувањето на Храмот, иако точната година не се знае со сигурност и е предмет на расправа, други извори тврдат дека убиството е извршено во истата година кога е уништен храмот), група Евреи предводена од Исмаил дошла кај Годолија во градот Мицпа каде биле срдечно пречекани. Годолија бил предупреден за намерите на неговите гости да го убијат, но одбил да им верува на луѓето кои го предупредиле, верувајќи дека нивниот отчет бил клевета. Исмаил го убил Годолија, заедно со повеќето Евреи кои му се придружиле и многу Вавилонци кои му биле оставени на Годолија од страна на вавилонскиот цар. Останатите Евреи се плашеле од одмаздата на вавилонскиот цар (поради фактот дека одбраниот владетел од страната на царот, Годолија, бил убиен од Евреин) и избегале во Египет.[2]

Во Еврејската Библија[уреди | уреди извор]

Настаните се раскажани накратко во Еврејската Библија (Стариот завет), во 2 Царства 25:25-26:[3]

Но во седмиот месец дојде Исмаил, синот на Нетанија, Елишамаев син, од царски род, со десет души, го порази Годолија, и тој умре, а и Јудејците, и Халдејците што беа во Мицпа.

Тогаш се крена сиот народ, од мало до големо, и војсководците, па отидоа во Египет, зашто се плашеа од Халдејците.


Пообемен запис има во Еремија, поглавје 41[4], каде убиството на група пратеници и киднапирањето на прислужниците на владетелот и неговото семејство се поврзани:

Во седмиот месец, Исмаил, синот на Нетанија, син Елишамаев, од царски род и великодостојник при царот, и десет души со него дојдоа во

Мицпа кај Годолија, синот Ахикамов, и таму, во Мицпа, јадеа заедно леб.

И стана Исмаил, синот Нетаниев и десетте души со него, па го убија со меч Годолија, синот на Ахикам, син Сафанов, и го убија оној, кого вавилонскиот цар го беше поставил за управник на земјата.

Исмаил ги уби и сите Јудејци, кои беа со Годолија во Мицпа, и Халдејците и војниците што се наоѓаа таму.


Воспоставување на постот[уреди | уреди извор]

Остатокот од Евреите бил распрскан и земјата останала пуста. Во спомен на овие страдања, еврејските мудреци го воспоставиле „Постот на Седмиот“ (вид. Захарија 8:19) на денот на убиството на Годолија во седмиот месец.

Се смета дека Годолија бил убиен на првиот ден од тишри, но постот не се почнува сè додека не заврши Рош ашана, бидејќи постењето е забрането додека трае празник. Рабините рекле[5] дека целта на овој целодневен пост е да се утврди дека смртта (т.е. убиството) на праведниот е еднакво на палење на куќата на Господ. Како што наредиле да се пости за уништувањето Еврејскиот Храм, така наредиле да се пости за смртта на Годолија.

Датуми[уреди | уреди извор]

Постот се спроведува веднаш по вториот ден на Рош ашана, на 3 тишри во еврејскиот календар. Грегоријанскиот датум за постот на Годолија се разликува од година во година во согласност со 3 тишри од еврејскиот календар. Кога Рош ашана се паѓа во четврток и петок, постот е одложен за недела (што би било 4 тишри), бидејќи ниеден јавен пост не смее да постои на шабат (сабота) со исклучок на Јом кипур.

  • 2010 г. — 12 септември (4 тишри)
  • 2011 г. — 2 октомври (4 тишри)
  • 2012 г. — 19 септември (3 тишри)
  • 2013 г. — 8 септември (4 тишри)
  • 2014 г. — 28 септември (4 тишри)
  • 2015 г. — 16 септември (3 тишри)
  • 2016 г. — 5 октомври (3 тишри)
  • 2017 г. — 24 септември (4 тишри)
  • 2018 г. — 12 септември (3 тишри)
  • 2019 г. — 2 октомври (3 тишри)
  • 2020 г. — 21 септември (3 тишри)

Одржување[уреди | уреди извор]

Постот се одржува од зора[6] додека се појават ѕвездите навечер. Како секој пост, хазанот ја вклучува молитвата анеину со повторување на амидата за време на шахаритот и минхата како посебна браќа помеѓу молитвите за избавување и исцелување, и при личното рецитирање на амидата минха се рецитира како додаток на шема колеину (основната молитва за прифаќање). Молитвата авину малкеину се рецитира како за Десетте дена на покајание и додатоците се однесуваат на новата година. Свитокот на Тората се вади од ковчегот и пасусите на Ки тиса се читаат од Тората (Излез 32,11- 34,1-10). Истото читање на Тората се додава кај минхата, кое го следат ашкенашки собори од Хафтара. Бидејќи постот се паѓа за време на деновите на покајание, молитвата сликот се рецитира пред почетокот на шахаритот вклучувајќи дополнителен пасус поврзан со постот на Годолија. Нема слихотска служба за време на повторувањето на амидата.

Во шпанските и португалските обреди, молитвите се рецитираат од молитвеникот за деновите на пост. Има долги додатоци на молитвите кои не може да се најдат во дневните и сидурите за шабат и кои се специфични за денот, како и во молитвите кои се вообичаени за сите денови за пост со исклучок на Јом кипур.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Данон, Цадик (2008). Основни поими на јудаизмот (PDF). прев. Марија Алексиќ (II. изд.). Скопје: Еврејска заедница во Република Македонија. ISBN 9989-102-14-7.
  2. Опис на Постот на Годолија — Ортодоксен сојуз, посет. 14 септември 2012 г
  3. Според македонската Библија 4 Царства —Четврта книга Царства 25:25-26, Библија на македонски јазик: Стар завет, стр. 445 PDF
  4. Еремија 41:1-3, Библија на македонски јазик: Стар завет, стр. 1019 PDF
  5. Вавилонски Талмуд, расправа „Рош ашана“
  6. „Tzom Gedaliah Fast Day - What, why and how we mourn on the day after Rosh Hashanah“. www.chabad.org (англиски). Посетено на 2017-09-25.