Петти вселенски собор
Петти вселенски собор | |
---|---|
Вториот вселенски константинополски собор од Василиј Суриков | |
Датум | 553 |
Прифатен од | Римокатоличка црква, Старокатоличка црква, Православие |
Претходен собор | Четврти вселенски собор |
Следен собор | Шести вселенски собор |
Свикан од | Император Јустинијан I |
Претседавач | Евтихиј Цариградски |
Присутни | околу 160 |
Времеследен список на собори |
Петти вселенски собор — духовен собор што се одржал од 5 мај до 4 јуни 553 година во Цариград, во време на императорот Јустинијан I (527-565). На овој собор не се зборувало за некоја нова ерес, туку на нов начин се разгледувани проблемите со монофизитите, несторијанците и оригенистите. Императорот направил обид да ги врати монофизитите во црквата. За таа цел, била одржана средба на православни и монофизитски богослови во 532 година. За монофизитската страна било несфатливо осудувањето на Несториј Цариградски од страна на црквата, а одбегнувањето на предавање на осуда на неговиот учител, Диодор Тарсиски, како Теодор Мопсуетски и Иво Едески[1], кои јавно го поддржале Несториј. Црквата направила исчекор, и прифатила повторно подетално да расправа за овие три личности од петтиот век, еден век подоцна.
На овој собор присуствувале 160 Отци. Најстарите од нив биле: Евтихиј Цариградски, Аполинариј Александриски, Домн Антиохиски и Дамјан Созополитски. Соборот ги потврдил осудите на несторијанската и монофизитската ерес, донесени на Третиот и Четвртиот вселенски собор.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Давитковски, Петар (1987). Историја на христијанската црква II дел. Скопје: Скопје.
|
|