Парилско Седло
Парилско Седло | |
---|---|
Парилска седловина | |
Поглед на превојот | |
Надм. вис. | 1.174 м |
Пат | III-1906 |
Место | Општина Хаџидимово и Општина Свети Врач, Пиринска Македонија |
Венец | помеѓу Пирин и Славјанка |
Координати | 41°25′34″N 23°39′00″E / 41.4261° СГШ; 23.65° ИГД |
Парилско Седло (бугарски: Парилска седловина) — планинско седло и превој во Пиринска Македонија, меѓу планините Славјанка (Алиботуш) на југ и Пирин на север. Сместен е на териториите на Општина Хаџидимово и Општина Свети Врач. На мало растојание на југ се протега границата со Драмско во Егејска Македонија.
Превојот е долг 10,6 км и се наоѓа на надморска висина од 1.174 м. Го поврзува јужниот дел на Неврокопската Котлина на исток со југоисточниот дел на Петричко-светиврачката Котлина на запад. Започнува од западниот крај на селото Парил на 817 м.н.в. и се насочуба кон југозапад, нагоре по долината на реката Чоковица (десна притока на Буровица). По 4,6 км стасува до седлото на 1.174 м.н.в. и почнува да се спушта на запад по долината на река Черешар (Голешовска Река). По 7 км завршува во североисточниот крај на селото Голешово на 756 м.н.в.
Седлото е кратко, широко и длабоко, со благи оградни падини. Има ерозивно потекло. Геолошката основа е сочинета претежно од гранити. Почвата е кафеава шумска. Обрасната е со букови шуми. Од неа на север, по билото на Јужен Пирин започнува туристичката патека која обележана со црвено и претставува дел од меѓународниот пешачки правец Е4. Јужно од неа, во планината Славјанка се наоѓа резерватот „Али Ботуш“.[1] На десетина минути источно ос седлото е планинарскиот дом „Славјанка“ — важно поаѓалиште за низа туристически патеки во околината.
Низ превојот и есдлото минува делница од 10,6 км на третокласниот Републички пат III-1906 (од 19. до 30,6. км) Копривлен – Парил – Катунци. Патот по превојот е со доста лош каменлив пат и по него можат да одат само теренски возила. Зимно време не се одржува. Во времето на Отоманското Царство, патот бил главна комуникациска артерија, но денес има само локално значење.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Енциклопедия „Пирински край“, том II. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1999. стр. 99. ISBN 954-90006-2-1.