Ормуски Проток
Ормуски Проток (персиски: تَنگِه هُرمُز Tangeh-ye Hormoz, арапски: مَضيق هُرمُز Maḍīq Hurmuz) — проток помеѓу Оманскиот и Персискиот Залив. Ова е единствениот излез на Персискиот Залив на отворен океан и една од најважните геостратешки точки во светот. На северниот брег се наоѓа Иран, а на јужниот се сместени Обединетите Арапски Емирати и оманската ексклава Мусандам. Во најтесниот дел, протокот е широк 39 км (21 морска милја).[1]
Низ протокот минува 20% од вкупното количество нафтата во светот и 35% од сите нафтоносни пловила. Поради ова, местото е од големо стратешко значење во меѓународната трговија,[1] и причина за конфликт помеѓу силите, особено САД и Иран.
Протокот за првпат се споменува во поморскиот прирачник „Перипл на Еритрејското Море“ од I век.
Сообраќај
[уреди | уреди извор]Поради големата прометност, во Ормускиот Проток се имаат случено повеќе судири на бродови. За да се намали ризикот од вакви катастрофи, протокот е подвоен на две ленти[2] — една за дојдовен и една за појдовен сообраќај. Од нив, едната се наоѓа во омански води, а другата во ирански.
Според Управата за енергетско информирање на САД, во 2011 г. низ протокот поминувале просечно 14 танкери дневно, носејќи 17 милиони барели (2.700.000 м³) сирова нафта. Ова претставува 35% од количеството на нафта што се превезува по морски пат и 20% од целиот нафтен сообраќај во светот. Во извештајот се вели дека 85% од сировата нафта била испорачана во Азија, највеќе во Јапонија, Индија, Јужна Кореја и Кина.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Ормуски Проток“. Светски геостратешки точки во превозот на нафта. Управа за енергетско информирање на САД. 30 декември 2011. Посетено на 14 јануари 2012. (англиски)
- ↑ „Енциклопедија на Земјата“. Национален совет за наука и животна околина. (англиски)
- Mohammed Kookherdi (1997) Kookherd, an Islamic civil at Mehran river, III изд: Dubai
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Ормуски Проток“ на Ризницата ? |
- Ормуски Проток: политичка, економска, деловна, техничка и воена проблематика — Центар „Роберт Штраус“ (англиски)
- Портал посветен на Ормускиот Проток Архивирано на 7 август 2020 г. со стари карти (англиски)