Национален парк Татра

Од Википедија — слободната енциклопедија
Национален парк Татра
МСЗП — Категорија II (национален парк)
Национален парк Татра
МестоТатра, Словачка
Површина738 км2
Воспоставен(а)1 јануари 1949 година
Управно телоСловачка

Национален парк Татра(словачки: Tatranský národný park) е еден од деветте национални паркови на Словачка, стациониран во западно-централниот дел на земјата меѓу планинскиот венец на Татрите. Паркот е важен за заштита на разни видови на флора и фауна, со бројни ендемски видови, вклучувајќи ги и татарските дивокоза.

Географија[уреди | уреди извор]

Националниот парк Татра е заштитено подрачје и се наоѓа во рамките на планинскиот венец на Високите Татри и во областа на Западните Татри.[1] Западниот дел на националниот парк ја опфаќа областа на Жилинскиот регион, а источниот дел на Прешовскиот регион.

Паркот зафаќа површина од 738 км², а строго заштитената зона околу паркот зафаќа површина од 307 км².[2] Во националниот парк има 600 километри планинарски патеки и 16 обележани и одржувани велосипедски патеки.[3]

Планини[уреди | уреди извор]

Западните Татри се поделени на Ороча, Рохаче, Сив врв, Липтовски Татри, Липтовски Копи и Црвени планини. Источните Татри се состојат од Високите Татри и Бељанските Татри.

Највисокиот врв на Словачка е Герлаховски Штит, со висина од 2665 м и се наоѓа во внатрешноста на паркот. Овој врв е исто така највисоката точка на планинскиот венец на Татрите и Карпатите. Најголемата планина во западните Татри е Бистра, со висина од 2248 м, а врвот Хавран е највисоката точка на Бељанските Татри, со висина од 2152 м.

Езера и потоци[уреди | уреди извор]

Во паркот има повеќе од сто ридски или планински езера. Езерото Велке Хинцово е најголемо со површина од 0,2 км² и најдлабоко, со 58 м. Областа околу населбата Штрбске Плесо е вододелница на два слива. На источната страна има потоци кои ја формираат реката Попрад. Најпознати водопади се Студеновдски, Кметов, Вајанскенхо, Рохачски и Водопад скок.[3]

Пештери[уреди | уреди извор]

Во Националниот парк Татра има околу 300 пештери, а најпозната е Бељанската пештера, која воедно е единствена отворена за јавноста и се наоѓа во близина на селото Љендак. Најголемата пештера откриена досега во овој национален парк е пештерата Јаворинка. [4]

Историја на паркот[уреди | уреди извор]

Националниот парк Татра е основан на 1 јануари 1949 година и тој е најстариот национален парк во Словачка. Од 1987 година, пределот на Западните Татри е дел од овој национален парк. Во 1992 година паркот станал дел од програмата на УНЕСКО за човекот и биосферата.[5]

Екологија и биом[уреди | уреди извор]

Геолошкиот состав, својствата на почвата и климатските услови придонесуваат за оригиналната флора и фауна во паркот.[6]

Флора[уреди | уреди извор]

Скоро две третини од паркот се покриени со шуми, претежно со смрча и европска смрча. Најраспространети видови на дрвја се европската смрча, белиот бор, алпскиот бор, европскиот ариш и кривулот. На просторот на Бељанските Татри, јаворот е најраспространет.

Околу 1300 видови васкуларни растенија се распростанети во паркот, 41 вид од нив се ендемски на просторот на Западните Карпати, а на просторот на Карпатите има 57 ендемски видови. Во областа на националниот парк има ендемски растителни видови како што се Saxifraga aizoides, Cochlearia tatrae, Salix herbacea, мрежеста врба и многу други.[6]

Фауна[уреди | уреди извор]

Во националниот парк попишани се 115 видови птици, 42 видови цицачи, 8 видови влекачи и 3 видови водоземци. Паркот изобилува и со голем број безрбетници.[6] Цицачите во паркот го вклучуваат и ендемскиот вид на татраската дивокоза, која е заштитена од Меѓународниот сојуз за заштита на природата, како критично загрозен вид.[7] Во паркот живее и евроазиската кафеава мечка, обичен рис, куна, волк, лисица и алпски мрмот.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Inorganic nature“. Tatras National Park. n.d. Архивирано од изворникот на 21. 2. 2007. Посетено на 21. 5. 2007.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  2. „A Man and nature“. Tatras National Park. n.d. Архивирано од изворникот на 21. 2. 2007. Посетено на 21. 5. 2007.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  3. 3,0 3,1 „Príroda TANAPu [Nature of TANAP]“. Štátne lesy TANAPu. n.d. Архивирано од изворникот на 9. 6. 2007. Посетено на 21. 5. 2007.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  4. National nature monuments
  5. „Europe & North America: 297 biosphere reserves in 36 countries“. Ecological Sciences for Sustainable Development. UNESCO. Архивирано од изворникот на 5. 8. 2015. Посетено на 31. 1. 2016.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  6. 6,0 6,1 6,2 „Living nature“. Tatras National Park. n.d. Архивирано од изворникот на 21. 2. 2007. Посетено на 23. 5. 2007.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  7. „Rupicapra rupicapra ssp. tatrica“. International Union for Conservation of Nature and Natural Resources. n.d. Архивирано од изворникот на 13. 12. 2007. Посетено на 18. 6. 2007.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]