Маријански Острови
Маријанските Острови (англиски: Mariana Islands) или порано познати како Острови на Крадците или Ландронски Острови (шпански: Islas de los Ladrones ) се островска група (архипелаг) во регионот Микронезија во Океанија, Тихиот Океан. Островите се наоѓаат јужно од Јапонија и источно од Нова Гвинеја, а источно од островите е Филипонското Море. Крајната јужна точка на островите е островот Гуам. Шпанците во 17 век ги именувале островите како „Маријански Острови“ во чест на шпанската кралица Маријана Австриска. Источно од островите се наоѓа Маријанскиот Ров, најдлабоката точка на планетата Земја. Политички Маријанските Острови се поделени меѓу Северните Маријански Острови и Гуам, и двете островски територии на САД.
Особености
[уреди | уреди извор]Маријанските Острови се дел од подводниот планински венец кој се протега на територија од 2.519 км, од Гуам па скоро до Јапонија. Географски, островите се најсеверната островска група во регионот Микронезија.
Вкупната површина на Маријанските Острови е 1.007 км2.[1] Тие се управувани од Гуам и Северните Маријански Острови и ове две политички единици се дел од САД. Островската група е составена од две помали островски групи. Северната група острови има 10 вулкани и моментално овие острови не се населени. Јужната група острови е составена од пет корални острови (Рота, Гуам, Агихан, Тинијан и Сајпан) и сите се населени освен Агихан. Највисоката точка во северната островска група е 820 метри надморска височина, земјотресите се зачестени и има кратери кои даваат знаци на вулканска активност. Јужните острови се со пониска надморска височина. Островите имаа густи шуми, климата е влажна и скоро на сите острови има големи залихи на свежа вода.
Наводи
[уреди | уреди извор]„Маријански Острови“ на Ризницата ? |
- ↑ The CIA World Factbook (2006) Архивирано на 12 август 2008 г..
- WorldStatesmen- Guam & Northern Marianas
- Pascal Horst Lehne and Christoph Gäbler: Über die Marianen. Lehne-Verlag, Wohldorf in Germany 1972. Архивирано на 27 април 2014 г.
- L. de Freycinet, Voyage autour du monde (Paris, 1826–1844)
- The Marianas Islands in Nautical Magazsile, xxxiv., xxxv. (London, 1865–1866)
- 0. Finsch, Karolinen und Marianen (Hamburg, 1900); Costenoble, Die Marianen in Globus, lxxxviii. (1905).
Користена литература
[уреди | уреди извор]- Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: ref=harv (link) - Оваа статија содржи текст од дело сега во јавна сопственост: Herbermann, Charles, уред. (1913). Catholic Encyclopedia. Robert Appleton Company. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: ref=harv (link)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Оваа статија поврзана со Океанија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
16°37′N 145°37′E / 16.617° СГШ; 145.617° ИГД
|