Прејди на содржината

Мал Град

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мал Град
Maligrad
Поглед на Мал Град
Географија
МестоПреспанско Езеро
Координати40°47′31″N 20°55′59″E / 40.79194° СГШ; 20.93306° ИГД / 40.79194; 20.93306
Површина0,05 км2
Највисоко место860 м
Држава


Мал Град (албански: Maligrad) — остров во Преспанското Езеро во областа Мала Преспа, Албанија. Зафаќа површина од околу 5 хектари. Забележителен е по своите пештери и кружна спила. Има дрвја и песочен дел.

Црквата „Рождество на пресв. Богородица

На островот се наоѓа познатата црква „Рождество на пресв. Богородица“ изградена 1345 г. и обновена по налог на благородникот Кесар Новак во 1369 г.[1]

Ова е помалиот од двата острова во Преспанското Езеро, од кој другиот е многу поголемиот Голем Град во Република Македонија.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Anamali, Skënder (2002). Historia e popullit shqiptar në katër vëllime. I. Botimet Toena. стр. 294–295. OCLC 52411919.