Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Мал Град

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рождество на Пресв. Богородица
Shën Mërisë
Влезот на црквата
40°47′30″ N; 20°55′58″ E / 40.7917° СГШ; 20.9328° ИГД / 40.7917; 20.9328Координати: 40°47′30″ N; 20°55′58″ E / 40.7917° СГШ; 20.9328° ИГД / 40.7917; 20.9328
МестоМал Град, Мала Преспа
ЗемјаОпштина Пустец, Албанија
ВероисповедАлбанска православна црква
Архитектура
Изградба1345
Управа
МитрополијаГоричка

Рождество на Пресвета Богородица[1] или само Пресвета Богородица (албански: Kisha e Shën Mërisë Maligrad) — православна пештерна црква на островот Мал Град во Преспанското Езеро.[2] Островот се наоѓа во македонската област Мала Преспа, во состав на Општина Пустец. Денес ѝ припаѓа на Горичката митрополија и прогласена е за споменик на културата на Албанија.[3]

Црквата е посветена на Рождеството на Богородица и низ вековите претрпела доста промени, за што сведочат трите зачувани натписи. Најстариот, сместен во апсидата, е од 1345 г. На него се запишани првите ктитори на храмот — Бојко и сопругата Евдокија. Вториот е од 1369 г. и се наоѓа северно од внатрешноста на западната врата, над ликовите на Св. Константин и Елена. На него се зборува за обновувачите на црквата — благодорникот Кесар Новак, сопругата Калија, синот Амирал и ќерката Марија.[4][5] Третиот натпис е од 1607 г. когато надворешната фасада е одново насликана со композицијата „Страшниот суд“.[4]

Во црквата има фрески и грчки натписи од 1369 г. Има фрески на семејството на Новак и Калија.[6][7]

Зографите на црквата се припадници на Костурската ликовна школа од втората половина на XIV век.[4] Нивни дела се живописите на црквата „Св. Атанасиј Музачки“ во Костур и „Исус Христос Животодавец“ во с.  Борје кај Горица.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Άγιος Αθανάσιος του Μουζάκη“. Νομαρχιακή Αυτοδιοίκηση Καστοριάς. Посетено на 26 декември 2016.
  2. Kisha e Shën Mërisë, Maligrad Архивирано на 21 април 2014 г.. www.mtkrs.gov.al.
  3. „Objekte Fetare Monument Kulture“. Komiteti Shtetëror për Kultet. Посетено на 13 август 2015.
  4. 4,0 4,1 4,2 Ангеличин-Жура, Гоце. Пештерните цркви во Охридско-Преспанскиот регион (Р. Македонија, Р. Албанија, Р. Грција) (PDF). Ниш: В: „Ниш и Византија IV: зборник радова“; Симпозиум „Ниш и Византија IV“, Зборник радова IV, Ниш, 3 - 5 јуни 2005. стр. 400. Посетено на 14 август 2015.
  5. Dr Vlad. R. Petković, Stari srpski spomenici u Južnoj Srbiji: "Na PRESPI kesar Novak podiže 1369. god. crkvu Bogorodici (na ostrvu Mali Grad)."
  6. ПЕШТЕРНИТЕ ЦРКВИ ВО ОХРИДСКО-ПРЕСПАНСКИОТ РЕГИОН (PDF), Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-06, Посетено на 2011-08-01
  7. Ivan M. Đorđević, Zidno slikarstvo srpske vlastele u doba Nemanjica. OCLC 34957313, sl. 84 i 85

Надворешни врски[уреди | уреди извор]