Дутинхем

Координати: 51°58′N 6°18′E / 51.967° СГШ; 6.300° ИГД / 51.967; 6.300
Од Википедија — слободната енциклопедија
Дутинхем
Doetinchem
Град и општина
Црквата „Св. Катерина“ во Дитинхем
Црквата „Св. Катерина“ во Дитинхем
Знаме на ДутинхемГрб на Дутинхем
Highlighted position of Doetinchem in a municipal map of Gelderland
Местоположба во Гелдерланд
Координати: 51°58′N 6°18′E / 51.967° СГШ; 6.300° ИГД / 51.967; 6.300
Држава Холандија
Покраина Гелдерланд
Управа[1]
 • ОрганОпштински совет
 • ГрадоначалникНилс Јоостен (VVD)
Површина[2]
 • Вкупна79,66 км2 (3,076 ми2)
 • Земјишна79,06 км2 (3,053 ми2)
 • Вода0,60 км2 (20 ми2)
Надм. вис.[3]&1000000000000001400000014 м
Население (август 2017)[4]
 • Вкупно57.292
 • Густина725/км2 (1,880/ми2)
ДемонимДутинхемер
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски код7000–7011, 7030–7031
Повик. бр.0314, 0315
Мреж. местоdoetinchem.nl

Дутинхем — град и општина на истокот на Холандија. Се наоѓа по текот на реката Стар Ајсел (Ауде Ајсел) во делот на покраината Гелдерланд наречен Ахтерхук. Општината има население од 57.292 жители (2017 г.) и се состои од површина од 79.66 км2 од кои 0.60 км2 се вода. Ова го прави Дутинхем најголем град (по население) во Ахтерхук.

На 1 јануари 2005 година, поради општинско преструктуирање, соседната општина Вел како и областа Целхелмсе Броек биле споени со Дутинхем.

Историја[уреди | уреди извор]

Замокот Сланенбург

Познато е од археолошки наоди на черепи, грнчарски парчиња и стрели од кремен дека областа била населелена пред 11,000 години. Овие праисториски ловци биле проследени од Келтите и Германите како Франките и Сасите. Биле пронајдени римски монети и постојат археолошки докази дека Викинзите ја ограбувале областа.

Првото спомнување на името Дутинхем е во документ од 838 година кој спомнува ‘вила Дутингем’, населба со мала црква. Во 887 година, постои друго спомнување на ‘Дутинкем’, тврдина со црква која била дадена на тогашното Бискупство на Утрехт. Изговорот на градот се менувал во текот на вековите, и ‘Дутихем’, ‘Дуичинген’ и ‘Дутеком’ се само неколку примери.

Долго време Дутинхем бил мало место но околу 1100 година започнал да расте, откако претрпел неколку обиди на грабежи, бил изграден градски ѕид. Во 1236 година, Дутинхем се здобил со градски права од грофот Ото II од Гелре и Цутфен, а за возврат градот обезбедил даноци и војници за војската на грофот. Исто така, новиот градски совет објавил правила за градот, кодифицирани во ‘Keurboek van Doetinchem’ (Правилник на Дутинхем), во кои биле утврдени строги казни за направени прекршоци.

Во 1226 година, Дутинхем се соочил со зголемена опасност од ограбувачи, па така градскиот ѕид бил издигнат за еден метар. Постоеле четири прегради во ѕидот кои биле слаби точки, и биле заменети со тек на време од четири големи градски порти. Подоцна бил ископан ендек околу ѕидот и бедем бил изграден од предната страна; центалната ветерница во градот денес се наоѓа на остатоците од овој бедем. И покрај овие заштити, Дутинхем бил под опсада многупати и во текот на осумдесетгодишната војна (1568–1648) бил под опсада и заземен двапати. Сепак, најпосле ѕидовите биле видени како непотребни (или неефективни) и во 1672 година тие биле урнати. Но сепак, градските порти и бедемите не биле отстранети сè до втората половина на 19. век.

Топографска мапа на Дутинхем, март 2014

Од своите рани години, Дутинхем било значајно пазариште за фармерите за продажба на своите производи; пазарот бил одржуван на централниот плоштад наречен Симонсплејн сè до почетокот на втората светска војна.

Дутинхем бил подложен на катастрофи. Освен од споменатите опсади, во 1527 година голем пожар го уништил поголемиот дел од градот вклучувајќи ги архивите на градот и во 1580 година голем дел од населението починало од чума. Градот повремено бил поплавуван. Сепак, и покрај тоа што Дутинхем е само 10 километри оддалечен од германската граница, поради тоа што Холандија не учествувала во првата светска војна, градот не видел ништо од војната освен неколку стражари покрај границата во тој период. Дури и во текот на втората светска војна, Дутинхем првично поминал многу лесно; во градот постоела само мала германска војска и градот дури ги избегнал и најлошите ефекти од „гладната зима“. Сепак, неколку затвореници биле убиени поради вмешаност во убиство во Путен на важен германски офицер од холандскиот отпор и катастрофално, во март и април 1945 година, центарот на Дутинхем бил уништен од бомбардирање од сојузниците кое или било наменето за блиските германски градови, или за уништување на германската одбрана во Дутинхем. Градот бил ослободен од канадска војска во 1945 година по кратка битка.

Во децениите по војната, Дутинхем израснал и за неколку години ги надминал „конкурентите“ во Ахтерхук, имено Дусбург, Винтерсвајк и Цутфен. Холандската компанија, Philips, имала фабрика во градот неколку години. Од 2003 до 2005 година, градот енормно пораснал поради изградбата на нови предградија како Дихтерен, и со припојувањето на неколку села во рамките на општината како Вел.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Burgemeester N.E. (Niels) Joosten bc“ (холандски). Gemeente Doetinchem. Архивирано од изворникот на 2014-07-14. Посетено на 23 June 2014.
  2. „Клучни бројки за соседствата“. Статистичка линија на ЦБС. Централна статистичка служба. 2 јули 2013. Посетено на 12 март 2014.
  3. „Postcodetool for 7001EW“. Actueel Hoogtebestand Nederland (холандски). Het Waterschapshuis. Посетено на 23 June 2014.
  4. „Прираст на населението; региони по месеци“. Статистичка линија на ЦБС. Централна статистичка служба. 27 октомври 2017. Посетено на 27 октомври 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]