Вилхелм (војвода на Австрија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вилхелм
Роден(а)ок. 1370
Виена
Починал(а)15 јули 1406(1406-07-15)
Виена
Закопан(а)Св. Стефан - Виена
Благородно семејствоХабсбуршка династија
Сопружник(ци)Јована II Неаполска
ТаткоЛеополд III
МајкаВиридис Висконти

Вилхелм (германски: Wilhelm der Ehrgeizige; der Freundliche; der Artige, роден околу 1370 во Виена — починал на 15 јули 1406 во Виена[1]) — владетел од Хабсбуршката династија како војвода на Австрија, војвода од Штаерска, војвода од Корушка и војвода од Крањска гроф од Тирол во периодот од 1386 до 1406 година.

Рани години[уреди | уреди извор]

Вилхелм бил син на војводата Леополд III и Виридис Висконти. Во 1386 година неговиот татко бил убиен во Битката кај Семпах. Нивниот чичко Албрехт III ги управувал териториите на нивниот татко бидејќи Вилхем, заедно со неговите браќа Леополд, Ернест и Фридрих биле малолетни.

Управување[уреди | уреди извор]

По конфликтот и по склучувањето на договор во Холенбург со неговиот братучед Албрехт IV, Вилхем од 1396 година станал војвода на Внатрешна Австрија (Штаерска, Корушка, Крањска), со седиште во Грац.

Од 1404 година Вилхелм станал регент на малолетниот внук Албрехт V во Виена. По две години тој починал без директни наследници. Војводата Вилхелм бил погребан во гробница во катедралата Св. Стефан во Виена.

Семејство[уреди | уреди извор]

Вилхелм во 1404 година се оженил за Јована II Неаполска, и немале деца.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Early Habsburg“. European Heraldry. Архивирано од изворникот на 2011-05-26. Посетено на 26 April 2011.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Вилхелм (војвода на Австрија)
Роден(а): ок. 1370 Починал(а): 15 јули 1406
Владејачки титули
Претходник
Леополд III
Војвода од Штаерска
Војвода од Корушка
Војвода од Крањска

1386–1406
Наследник
Ернест
Гроф од Тирол
1386–1406
Наследник
Фридрих IV