Прејди на содржината

Валтер Вандерли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Валтер Вандерли на албумот O sucesso é samba (1962)

Валтер Вандерли, полно име: Валтер Жозе Вандерли Мендонса (португалски: Walter Jose Wanderley Mendonça; 12 мај 19324 септември 1986) — бразилски оргулист и пијанист, познат по неговата музика во правците лаунџ и босанова.[1]

Роден е во Ресифе, а веќе во доцните 1950-ти стекнал голема популарност во родната земја. Се прочул на меѓународната сцена кога почнал да соработува со пејачката Аструд Жилберто и нејзиниот сопруг Жуан Жилберто. Во текот на 1966–1967 во САД снимил три значајни албума со Verve во трио заедно со Клаудио Слон (тапани) и Жозе Марино (бас). Продуцент на албумите е Крид Тејлор кој го довел триото во америка за да снима. Валтеровата нумера Summer Samba („Летна самба“) го достигнала 26-тото место списокот на „Билборд“ во летото 1966.[2]

По растурањето на триото[3], Вандерли продолжил да снима албуми со Verve, A&M/CTI и GNP Cresendo. Во овој период имал голем број јавни настапи, вклучувајќи турнеја во Мексико.[2]

Вандерли е познат по својот гладок стил и мајсторство на неговата електрична Хамондови оргули. Починал од рак во 1986 г.

Бил оженет со Изауриња Гарсија, една од најпопуларните пејачки во Бразил.

Дискографија

[уреди | уреди извор]
  • 1959: Festa dançante („Игранка“)
  • 1960: Eu, você e Walter Wanderley („Јас, ти и Валтер Вандерли„)
  • 1961: Sucessos dançantes em ritmo de romance („Хитови за играње во ритам на романсата“)
  • 1961: Walter Wanderley („Валтер Вандерли“)
  • 1962: Samba é samba com Walter Wanderley („Самбата е самба со Валтер Вандерли“)
  • 1962: O sucesso é samba („Хитот е самба“)
  • 1963: Samba no esquema de Walter Wanderley („Самбата е шема од Валтер Вандерли“)
  • 1963: Walter Wanderley e o bolero („Валтер Вандерли и болерото“)
  • 1963: O samba é mais samba com Walter Wanderley („Самба и уште самба со Валтер Вандерли“)
  • 1964: Órgão, sax e sexy-Walter Wanderley e Portinho („Оргули, сакс и секси - Валтер Вандерли“)
  • 1964: Entre Nós („Помеѓу нас“)
  • 1966: Rain Forest („Дождовна шума“)
  • 1966: Chegança („Шеганса“)
  • 1967: Batucada („Батукада“)
  • 1967: Kee-Ka-Roo („Ки-Ка-Ру“)
  • 1968: When It Was Done („Кога заврши“)
  • 1969: Moondreams („Месечеви сништа“)
  • 1969: Popcorn („Пуканки“)

Синглови

[уреди | уреди извор]
  • Summer Samba (So Nice) („Летна самба“)
  • On The South Side Of Chicago (На јужната страна на Чикаго), 1967
  1. Allmusic (англиски)
  2. 2,0 2,1 Дискографија Архивирано на 9 април 2017 г. (англиски)
  3. Триото повторно се состанало во 1971 за да го сними албумот The Return of the Original („Враќање кон оригиналот“) со Canyon Records.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]