Брег на Принцезата Астрид

Координати: 70°45′S 12°30′E / 70.750° ЈГШ; 12.500° ИГД / -70.750; 12.500
Од Википедија — слободната енциклопедија
БПА во рамките на Антарктик
БПА
Местоположба на брегот
Бреговите на принцезите Астрид и Рагнхилда

Брег на Принцезата Астрид (норвешки: Prinsesse Astrid Kyst, англиски: Princess Astrid Coast) — дел од бреговата линија на Земјата на Кралицата Мод на Антарктикот помеѓу 5° и 20° ИГД. Целиот брег се граничи со ледени гребени. Подрачјето е откриено од капетанот Х. Халворсен на бродот „Севиља“ во март 1931 г. Во 1932 г. е наречен во чест на норвешката принцеза Астрид.[1] Мразот на континенталниот ледник има дебелина до 4.000 м во внатрешноста. Овие дебели ледници ги држат крајбрежни планински венци. На Брегот на Принцезата Астрид, дел од мразот не тече низ планините, излевајќи се врз релативно рамна земја на него. Исто така, the студениот воздух се прелева преку планините, создавајќи мошне силни и трајни ветришта кои го оддувуваат снегот од ледничките врвови, оставајќи светлосини места од гол мраз. Врз бреговата линија е ледениот гребен, кој е многу погладок. Ледничките ледотеци на морската површина е вон дофатот на безредната површина на морскиот мраз кој се зацврснувал цела зима.[2]

Кај брегот се наоѓаат Лазаревото и Рисер-Ларсеновото Мморе, обете рабни мориња на Јужниот Океан. Од норвешко гледиште, Морето на Кралот Хокон VII се протега на тоа место и долж целиот брег на Земјата на Кралицата Мод. Во средишниот дел на Брегот на Принцезата Астрид се наоѓа Ширмахеровата Оаза, каде работи руската истражувачка станица „Новолазаревскаја“ од 1961 г. наваму. Пред тоа (1959–1961) станицата била на подрачјето на Брегот на Принцезата Астрид. Од 1959 г. наваму Брегот на Принцезата Астрид е предмет на систематско истражување од страна на советските и руските антарктички експедиции.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Princess Astrid Coast“. Australian Antarctic Data Centre. Посетено на 19 мај 2019.
  2. „Princess Astrid Coast, Antarctica“ (англиски). NASA Earth Observatory. 29 септември 2001. Посетено на 19 мај 2019. Оваа статија содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.
  3. „Princess Astrid Coast“. TheFreeDictionary.com. Посетено на 19 мај 2019.

 Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) — документ: „Брег на Принцезата Астрид“ (содржини од Информативниот систем за географски имиња). (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

70°45′S 12°30′E / 70.750° ЈГШ; 12.500° ИГД / -70.750; 12.500