The Platters

Од Википедија — слободната енциклопедија
The Platters
The Platters во 1955. Од лево кон десно: Тејлор, Вилијамс, Линч, Роби, Рид.
Животописни податоци
ПотеклоЛос Анџелес, Калифорнија, САД
Жанрови
Период на активност1952–денес
ИздавачиFederal, Mercury, Musicor
Мреж. местоwww.theplatters.com

The Platters ― американска вокална група основана во 1952 година.[1] Тие се една од најуспешните вокални групи од раната рокенрол ера. Нивниот специфичен звук ја премостува пред-рок традицијата на Тин Пан Алеј и новиот жанр во подем. Групата со тек на годините често ја менувала својата постава, и затоа била етикетирана како „Многу гласови, едно име“, а најуспешната постава ги вклучува тенор пејачот Тони Вилијамс, Дејвид Линч, Пол Роби, основачот и кум на групата Херб Рид, и Зола Тејлор. Во периодот од 1955 до 1967 година, групата имала 40 песни кои се нашле на Billboard Hot 100, меѓу кои и четири кои се искачиле на прво место. Во 1990 година, Platters биле примени во Куќата на славните од рокенролот. Platters продолжуваат да настапуваат низ светот, а Herb Reed Enterprises (ДОО основана од Рид како одговор на многуте лажни Platters групи) ги поседува правата и заштитниот знак на групата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „The Platters“. Rock & Roll Hall of Fame. Посетено на August 26, 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]