The Lightning Seeds (познати и како Lightning Seeds; македонска транскрипција: Лајтнинг Сидс) ― англиска рок група основана во Ливерпул во 1989 година од Ијан Бруди (вокал, гитара, продуцент), поранешен член на групите Big in Japan, Care и Original Mirrors.[1][2] The Lightning Seeds прво бил студиски соло проект на Бруди, но по турнејата за албумот Jollification (1994) тие станале група. Групата имала комерцијален успех во текот на 1990-тите и е позната по нивната „Three Lions“, која станала официјална химна на Европското фудбалско првенство во 1996 година. Песната е снимена во соработка со Дејвид Бадиел и Френк Скинер, и се искачила на прво место на топ-листата во Обединетото Кралство во 1996 и 2018 година, а преработената верзија исто така била на прво место во 1998 година.