The Coasters

Од Википедија — слободната енциклопедија
The Coasters
The Coasters, 1957
Животописни податоци
ПотеклоЛос Анџелес, САД
Жанрови
Период на активност1955–денес
Издавачи
СоработнициThe Robins

The Coasters ― американска ритам и блуз/рокенрол-група која имала низа хитови во доцните 1950-ти. Нивни најпознати песни се: „Searchin“, „Young Blood“, „Poison Ivy“ и „Yakety Yak“.[2] Иако The Coasters не припаѓаат на класичниот ду-воп, нивните песни биле пречесто изведувани и тие станале важен дел од наследството на ду-вопот во 1960-тите. Во 1987 година, тие биле прва група која била примена во Куќата на славата на рокенролот.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

The Coasters биле основани на 12 октомври 1955 година откако два члена од групата The Robins (ритам-и-блуз-група од Лос Анџелес), се прикличиле на Atlantic Records. Биле наречени The Coasters затоа што од западниот американски брег се преселиле на источниот.

Текстописниот тим Џери Лајбер и Мајк Столер ја основале Spark Records и во 1955 година го продуцирале „Smokey Joe's Cafe“ за The Robins.[2] Песната станала многу популарна и Атлантик рекордс им понудиле на Лајбер и Столер независен продукциски договор за да продуцираат музика за The Robins под етикета на Атлантик. Само два члена од Робинс - Гарднер и Нун - сакале да се преселат во Атлантик, и ги снимиле нивните први песни во истото студио како и Робинс (Master Recorders).[4] Кон крајот на 1957 година, Нун и Хјуз се преселиле во Њујорк и им се придружиле на Корнел Гантер и Вил „Даб“ Џонс и ги основале The Coasters.[4] Оттогаш групата имала седиште во Њујорк, иако сите членови потекнувале од Лос Анџелес.

Нивниот прв сингл, „Down in Mexico“, бил ритам и блуз-хит во 1956 година. [4] Следната година, Coasters се појавиле на поп-листата со двостраниот сингл „Young Blood “/“ Searchin’“. [4] „Searchin'“ бил прв американски топ-10 хит за групата, [4] и 13 недели бил на врвот на R&B листата со што станал најдобар R&B сингл во 1957 година.

Песната „Yakety Yak“, со Кинг Кертис на тенор-саксофон, била испена во познатата постава на Coasters: Гарднер, Гај, Џонс и Гантер и станала единствен сингл на групата кој се искачил на врвот на поп и на R&B топ-листата.[4] Следниот сингл, „Charlie Brown“, стигнал до второ место на двете топ листи.[4] Следеле „Along Came Jones“, „Poison Ivy“ (речиси два месеци на прво место на R&B-листата) и „ Little Egypt (Ying-Yang) “.[4]

Промената на музичките вкусови и промените во составот на групата придонеле за тоа групата во 1960-тите да има помалку хитови.[4] Во 1966 година The Coasters потпишале договор со издавачката куќа Columbia Records, но не успеале да ја вратат старата слава.[4]

Во 1987 година, Coasters станале прва група која била примена во Куќата на славните на рокенролот, во составот од 1958 година. Во 1999 година, Coasters исто така биле примени во Куќата на славните на вокалните групи.

Неколку групи го користеле името на групата во 1970-тите, иако оригиналниот член Карл Гарднер ги имал законските права за тоа.[4] Кон крајот на 2005 година, синот на Карл, Карл Гарднер Џуниор, ја презел лидерската позиција во групата откако неговиот татко се повлекол од музиката. Поставата на Coasters тогаш се состоела од Карл Гарднер Џуниор, ЏВ Ленс, Примо Канделара и Еди Витфилд. Карл Џуниор подоцна ја напуштил оваа група и започнал своја група со Керли Палмер. Вдовицата на Карл, Вета ги поседува правата на името Coasters.

Леон Хјуз, последниот преживеан член од оригиналните Coasters, починал од природна смрт на 1 март 2023 година, на 92-годишна возраст.[5] Пред неговата смрт, тој настапувал со своја група.

Дискографија[уреди | уреди извор]

Студиски албуми[уреди | уреди извор]

  • 1960: The Coasters One by One – Atco LP 33-123 (SD33-123 stereo)
  • 1972: On Broadway – King K-1146-498 (KS-1146-498 stereo)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Huey, Steve. „The Coasters Biography“. AllMusic. Посетено на November 20, 2022. That engaging and infectious combination made them one of the most popular early R&B/rock & roll acts, as well as one of the most consistently entertaining doo wop/vocal groups of all time.
  2. 2,0 2,1 „Show 13 – Big Rock Candy Mountain: Rock 'n' Roll in the Late Fifties. [Part 3] : UNT Digital Library“. Digital.library.unt.edu. 1969. Посетено на January 9, 2011. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „pc13“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  3. „The Coasters | Rock & Roll Hall of Fame“. Rockhall.com. Посетено на August 20, 2021.
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 Colin Larkin, уред. (1993). The Guinness Who's Who of Soul Music (First. изд.). Guinness Publishing. стр. 49/50. ISBN 0-85112-733-9. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „LarkinSM“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  5. „News – Ex-Coasters Manager Dies at Ely State Prison“. reviewjournal.com. April 11, 2006. Архивирано од изворникот на February 21, 2011. Посетено на January 9, 2011.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]