PHP

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
PHP
PHP
Парадигма:рефлективен , објектно-ориентиран , процедурален
Дизајнирано од:Rasmus Lerdorf
Развивач:PHP Group
Главни имплеметации:Zend Engine, Phalanger, Quercus, Project Zero, HipHop
Лиценци:PHP License
Веб страница:php.net

PHP претставува рефлективен програмски јазик со отворен изворен код. Првобитно бил замислен како алатка за создавање динамички семрежни прилози кои се извршуваат на опслужувачката страна. Кратенката означува PHP: Hypertext Preprocessor (што е рекурзивен акроним, кратенка чие име ја содржи самата кратенка и обично се изговара како пе-ха-пе, додека пак, на англиски се изговата пи-ејч-пи).

Вовед[уреди | уреди извор]

PHP е едноставен за користење и е сличен на C и Perl (од верзија 5+ сличен и на Java). Еден од интересните делови на кодот на PHP е што не е само скрипт јазик. PHP може да се користи и за GUI апликации (со помош на PHP-GTK) и може да се користи од командна линија како и Perl или Python.

PHP дозволува интеракција со многу познати бази на податоци, како MySQL, Oracle, IBM DB2, Microsoft SQL Server, PostgreSQL и SQLite. PHP работи на многу оперативни системи, како Јуникс, Линукс, Мајкрософт Виндоус и Мек ОС.

PHP е алтернатива на комерцијални програми како Мајкрософт-овите ASP/VBScript/JScript, Макромедија ColdFusion, Sun Microsystems JSP/Java и некомерцијалните CGI/PERL. Неколку познати проекти напишани во PHP се phpBB и ова мрежно место - Википедија.

PHP е лиценциран по BSD-style лиценцата и PHP лиценцата. Од верзија 4+ PHP е покренуван од Зенд машина.

Историја[уреди | уреди извор]

На почетокот, во 1994 година, PHP бил напишан како Perl скрипти од Расмус Ледорф за лична употреба, и го нарекол PHP/FI (Personal Home Page Tools/Form Interpreter). Во 1997. двајца Израелци, Зеев Сураски и Анди Гутман, од факултетот Техникон го продолжиле Ледорфовиот проект и го направиле јадрото на PHP3 јазикот. По неколку месеци, во ноември 1997, официјално го објавиле PHP/FI 2. Зеев и Анди понале да пишуваат ново јадро на PHP во 1997, кое се нарекува Зенд машина (Zend engine) (www.zend.com Archived 2006-07-19 на Wayback Machine која тврди дека PHP3 бил снабдуван со Zend Engine 0.5). Тие ја основале и Zend Technologies во Рамат Ган, Израел која го надгледува напредокот на PHP. Во мај 2000 излегол PHP4. Тој е снабдуван со Зенд машина 1. На 13 јули 2004, излегол PHP5, со Зенд машина 2.

Пример[уреди | уреди извор]

Ова е прост пример кој ја објаснува синтаксата на PHP: таговите за отворање и затварање, коментарите (//tukakomentar и /* tukakomentar */), "for" циклусот и конструкцискиот збор echo (често погрешен како функција).

<?php
echo "Zdravo svete!"; //dokolku se povika "php /server/primer.php" ke ispecati Zdravo svete
for($i = 0; $i < 10; i++){
echo "Ispecatuvam 10 recenici! ovaa e #".$i; //ke ispecati "Ispecatuvam 10 recenici! ovaa e #1,#2,#3...#10"
}
?>

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]


Програмски јазици
Ada | ALGOL | APL | Асемблер | AWK | BASIC | C | C++ | C# | COBOL | ColdFusion | Common Lisp | Delphi | Eiffel | Focus | Forth | FORTRAN | Haskell | IDL | Java | JavaScript | Limbo | Lisp | Lua | Modula 2 | Objective C | OCaml | Pascal | Perl | PHP | Prolog | Python | Ruby | SAS | Scheme | Smalltalk | SQL | Tcl | Visual Basic