Nickarth

Од Википедија — слободната енциклопедија
Nickarth
Nickarth (2019)
Биографски податоци
Родено имеНикола Илиев
Познат(а) и какоNickarth, Rialians on Earth
Роден(а)10 септември 1996 (1996-09-10) (26 г.)
ПотеклоКочани, Македонија Македонија
Жанровиинди-поп алтернативна, денс/електронска, нео сол[1]
Занимањапејач, текстописец, продуцент
Период на активност2010—денес
ИздавачиAodion Records, Cafe De Anatolia

Никола Илиев (познат како Nickarth или Rialians On Earth; р. 10 септември 1996 во Кочани) — македонски пејач, изведувач на повеќе инструменти, аудиопродуцент и текстописец.[2][3]

Живот и кариера[уреди | уреди извор]

Никола Илиев

Никола Илиев е роден на 10 септември 1996 година во Кочани, Македонија.[4] На 10 години започнува да свири гитара, пее и да се занимава со пишување на текстови. Со музика почнува активно да се занимава на својата 14. година[5] кога зема учество на изборот за јуниорска Евровизија со песната За твоите очи со која се пласира на третото место на државно ниво.[4][6]

Завршува средно музичко училиште во Штип при отсек класична музика на гитара.[7] Последователно запишува студии по етномузикологија во Скопје, а потоа и втор факултет за новинарство,[1] но студиите не ги завршува, туку се посветува на својата музичка кариера. Nickarth ја започнува својата музичка кариера 2017 година кога се преселува во Англија, поточно Брајтон.[8] Во Брајтон се запознава со многу музичари, артисти, меѓу кои и со Rag'n'bone Man[8] и овде почнува да работи на својот прв студиски албум со продуцентот Оли Дафарн кој во истиот период соработува и со Birdy. Првиот успех го остварува со песната Save Me, заземајќи 37. место на Deep House плејсписокот на ITunes во Германија, подоцна истата песна се наоѓа на компилација издадена од светската продукциска куќа Cafe Del Mar. Својот прв албум го објавува во март 2018 година под името Next Generation XX.[5] Албумот е издаден од продукциската куќа Cafe De Anatolia со 7 музички аудио записи.[9] Додека престојува во Англија, настапува ширум земјата и гостува на неколку фестивали како поддршка од кои најпознат е Brighton Fringe Festival.[1]

Крајот на 2018 година ја издава Faith,[10] која подоцна се емитува на многу светски радиостаници како BBC Music Introducing, BBC Radio 6, Radio Reverb, Athens Jockey Radio и други, и истата е избрана од многу Spotify плејлисти како Radar Indie, Chill Vibes, Indie-Pop, Indie-Alternative со повеќе од милион слушатели.

За време на летото 2019 година, Nickarth го издава и своето прво E.P. Room 314,[11] кое забележува голем успех. Песната I Only Care If You Too од истиот албум е 3 месеци првопласирана на топ–списокот на македонската национална телевизија - МРТВ.[7] Во истиот овој период, Nickarth почнува активно да работи за продукциската куќа Cafe De Anatolia,[12][13] која е основана 2017 година од неговиот татко и сестра – Зоран Илиев и Моника Илиева.[14] Nickarth во 2019 година ja основа продукциската куќа Aodion Records под закрила на Cafe De Anatolia. Aodion Records издава музика од различни жанрови како што се синт-поп, дип хаус, електронска, прогресив и инди-алтернативна.[2] Со Aodion Records и Cafe De Anatolia започнува и вториот негов музички проект Rialians On Earth. Под ова име, во време на 2019/2020 година издава 3 музички записи и работи на два ди-џеј сетови за Ibiza Global Radio.

Дискографија[уреди | уреди извор]

Албуми[уреди | уреди извор]

Синглови[уреди | уреди извор]

  • Save me (2017)
  • Hope XX (2018)
  • Faith (2018)
  • Save me XX (2018)
  • Essence[18] (2018)
  • Mandragora[19] (2019)
  • I Only Care If You Too[20] (2019)
  • Inferno (ft. Cafe De Anatolia, 2020)
  • Get Lost (2020)
  • Introducción (2020)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Во Англија заминав да најдам луѓе: Интервју со инди – поп артистот Nickarth“. Hashtag. Посетено на 2 април 2020.
  2. 2,0 2,1 Bailey, Adam (31 март 2020). „Get To Know: Nickarth“. Music Talkers - Latest Music News & Artist Exposure (англиски). Посетено на 2 април 2020.
  3. „Artist NickArth Speaks Out About His Music“. Benzinga (англиски). Посетено на 2 април 2020.
  4. 4,0 4,1 „INTERVIEW | NICKARTH CHATS ABOUT UPCOMING UK & EUROPE 2020 TOUR“. westvirginiachronicle.com. Посетено на 2 април 2020.
  5. 5,0 5,1 „New! Music Artist NICKARTH's 'I Only Care If You Do'. albanynewsnow.com. Посетено на 2 април 2020.
  6. „Од јуниорска Евровизија до светско музичко парче: Nickarth со нова музика!“. Журнал. 5 август 2019. Посетено на 2 април 2020.
  7. 7,0 7,1 „Nickarth: Живееме во доба кога од ништо може да создадеме нешто“. Fashionel.mk. 27 септември 2019. Посетено на 2 април 2020.
  8. 8,0 8,1 „УРБАН ТАГ - МУЗИЧКАТА ПРИКАЗНА НА ИНДИ ПОП АРТИСТОТ NICKARTH“. youtube.com. Посетено на 2 април 2020.
  9. 9,0 9,1 „Next Generation XX from Cafe De Anatolia on Beatport“. www.beatport.com. Посетено на 2 април 2020.
  10. „Faith from Cafe De Anatolia on Beatport“. www.beatport.com. Посетено на 2 април 2020.
  11. 11,0 11,1 „Room 314 from Aodion Records on Beatport“. www.beatport.com. Посетено на 2 април 2020.
  12. „Exclusive Interview with Music Artist NICKARTH - Press Release - Digital Journal“. www.digitaljournal.com. Посетено на 2 април 2020.
  13. „Интервју со "Nickarth" – Face of the Week“. aperkat.mk. Посетено на 2 април 2020.[мртва врска]
  14. „Cafe De Anatolia- A Description of Music Through Content Writing“. Content Writing. 11 февруари 2018. Архивирано од изворникот на 2020-05-03. Посетено на 27 март 2020.
  15. „Around the World from Cafe De Anatolia on Beatport“. www.beatport.com. Посетено на 2 април 2020.
  16. „1996 from Cafe De Anatolia on Beatport“. www.beatport.com. Посетено на 2 април 2020.
  17. „Zeus from Cafe De Anatolia on Beatport“. www.beatport.com. Посетено на 2 април 2020.
  18. „Ethno 2 from Cafe De Anatolia on Beatport“. www.beatport.com. Посетено на 2 април 2020.
  19. „Caravan 3 from Cafe De Anatolia on Beatport“. www.beatport.com. Посетено на 2 април 2020.
  20. „Талентираниот "Nickarth", со нова нумера“. radiostip.mk. Архивирано од изворникот на 2021-05-25. Посетено на 2 април 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]