Billy Esteban
Billy Esteban | |
---|---|
Животописни податоци | |
Родено име | Зоран Илиев |
Роден(а) | 16 мај 1971 |
Потекло | Истибања, Македонија |
Жанрови | етно, deephouse, chillout, ориентална музика |
Занимања | DJ, музички продуцент, композитор |
Период на активност | 2013—денес |
Издавачи | Cafe De Anatolia |
Зоран Илиев, познат под уметничкo име Billy Esteban (Истибања, 16 мај 1971), e македонски музичар, композитор, продуцент и ди-џеј. Се занимава со творење и продукција на етно, deep house, chillout и ориентална музика.[1]
Биографија
[уреди | уреди извор]Зоран Илиев е роден на 16 мај 1971 г. во Истибања, Виничко. Започнува да свири музика уште како тинејџер и прво свири акустична гитара, а потоа и други гудачки инструменти како тамбура, бас гитара и уд, како и разни клавијатури. За време на средното училиште, тој започнува да компонира музика и да пишува текстови инспириран од блуз и рок-музиката. Во 2000 година, тој дознава за Кафе дел Мар (Cafe del Mar) и Буда Бар (Buddha Bar), кои се фокусираат на издавање на електронска музика со lounge/chillout елементи,[2] и во тој период започна активно да компонира електронска музика, но со етно-ориентални елементи. Набргу потоа, тој започнува соработка со овие две издавачки куќи, а веќе четири негови песни се издаваат во компилациите на Буда бар (Buddha Bar).[3][4]
Својот прв соло албум го издава во Јуни, 2013 година. Албумот, насловен како My Freedom содржи 14 песни и e издаден преку германската продуцентска куќа Diventa Music. Две години подоцна, за истата продуцентска куќа, го издава и својот втор албум Road to Istanbul кој содржи 16 песни.[5]
Во мај 2017 година, Зоран (Billy Esteban), заедно со неговата ќерка Моника Илиева и синот Никола Илиев (Nickarth), попознат под музичкото име Rialians On Earth, ја основаат продуцентско-издавачка куќа Cafe De Anatolia. Моника и Никола подоцна продолжуваат да ја водат продуцентската куќа,[6] додека Зоран се фокусира на самата музика, така што сега работи како музички продуцент и композитор во Cafe De Anatolia.[7] Cafe De Anatolia постигнува голем успех за само три години постоење, издава повеќе од 300 изданија менаџирајќи над 250 музичари од 150 земји ширум светот и прераснувајќи во меѓународно признат музички колектив што промовира и создава chillout, organic house, lounge, progressive house, deephouse и електронска музика.[6]
Под покровителство на оваа продуцентска куќа, Billy издава два албума во 2017 година — Passion и Eastern Road, а следната година и албумите Namaste, Nirvana и Alchemy. Во 2019 година, тој го издава албумот Mediterranean Sunset, а во исто време соработува и со Fishmanta, со кој ја објавува ЕП Lunar во октомври 2019 година.[8] Покрај тоа, Billy Esteban соработува и со други светски продуцентски и издавачки куќи како Cafe del Mar, Buddha Bar и Diventa, а се најде и на многубројни светски компилации како: Buddha Bar XVIII, Buddha Bar Luxury vol. 1, Oriental Touch компилации, Prophet Collection, Millionaire Lounge Club, World Chill Lounge 215/1, Ibiza Sunsets, Stylish Sofa, Luxury Oriental Lounge vol. 2 и многу други.
Billy Esteban често соработува со бројни познати музичари. Во 2017 година, тој соработуваше со DJ KhaiKhan, основач на Радио Истанбул (RIST),[9] на песната The Gates of Istanbul, и исто така со Mario Dreamers Inc. (резидент ди-џеј на Buddha Bar, Mykonos) на песната Happy Song.[10] Како дел од продуцентската куќа Cafe De Anatolia, тој соработуваше и со Elias Fassos, Risk и Throdef на ЕПто Heraclea во 2019 година. Со Rialians on Earth во август 2020 ја објавува песната Elif Eru.[11] Покрај тоа, тој соработува со музичари од Македонија, Грција, Турција, Бугарија, Италија, Тунис и други земји, а некои од соработките се со Каролина Гочева на ремиксот на песната Кој да ми запее, Pustiya, Ederlezi и In the Harem со Белонога и Алихан Самедов (Alihan Samedov), Sevdelinke, Katerina и Bay Nikola со Габриела Новевска, Halkidiki со Alex Mihalakis, Dim Angelo, Пушти Коси со Дарко Дејан (преработка на Зијан Пушти Коси) итн.
Billy Esteban често настапува на фестивали ширум светот, па така, измеѓу останатото, има настапувано заедно со Горан Бреговиќ и Емир Кустурица на фестивалот EtoEtno во јуни 2019. во Санкт Петербург, Русија,[12] а исто така и на Beach Party by Radisson Blu на островот Дјерба во Тунис, заједно со Sahale, Black Coffee, Stefano Noferini[13] и многу други. Покрај тоа, тој редовно гостува на радиата ширум светот, првенствено во Италија (Playemotions Radio), Турција (Radio Istanbul) и Шпанија (Ibiza Global Radio).[7]
Дискографија
[уреди | уреди извор]Албуми
[уреди | уреди извор]- My Freedom (2013)
- Road to Istanbul[14] (2015)
- Passion (2017)
- Eastern road (2017)
- Namaste (2018)
- Nirvana (2018)
- Alchemy (2018)
- Lunar (ft. Fishmanta, 2019)
- Mediterranean sunset[15] (2019)
- Cafe De Anatolia - Heraclea (2019)
- Around the world[16] (ft. Rialians on Earth 2020)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Billy Esteban“. SoundCloud (англиски). Посетено на 17 април 2021.
- ↑ „Billy Esteban“. Spotify (англиски). Посетено на 25 април 2021.
- ↑ „Buddha Bar: The Ultimate Experience“. Deezer. Посетено на 27 април 2021.
- ↑ „Buddha Bar XVIII“. Spotify (англиски). Посетено на 27 април 2021.
- ↑ „Billy Esteban, My Freedom“. Deezer (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-04-28. Посетено на 19 април 2021.
- ↑ 6,0 6,1 Bailey, Adam (13 август 2020). „Get To Know: Cafe De Anatolia“. Music Talkers - Latest Music News & Artist Exposure (англиски). Посетено на 17 април 2021.
- ↑ 7,0 7,1 „La musica di Cafe de Anatolia nel garden di "Bollicine"“. IlPescara (италијански). Посетено на 27 март 2020.
- ↑ „Billy Esteban & Fishmanta, Lunar“. Top Charts (англиски). Посетено на 19 април 2021.
- ↑ „RIST - Artists“. Radio Istanbul. Посетено на 27 април 2021.
- ↑ „Dreamers Inc. & Billy Esteban - The Happy Song“. Soundcloud (англиски). Посетено на 27 април 2021.
- ↑ „Elif Eru“. Deezer. Архивирано од изворникот на 2021-04-27. Посетено на 27 април 2021.
- ↑ „Музыкальный Фестиваль ЭтоЭтно“. www.facebook.com (англиски). Посетено на 28 март 2020.
- ↑ „Beach Party by Radisson Blu & Play Your Music Vol.4“. facebook.com. Посетено на 28 март 2020.
- ↑ „Billy Esteban - Road To Istanbul (Finest Oriental Chillout & Ethno Lounge Experience) | daddykool“. Daddykool (англиски). Посетено на 17 април 2021.
- ↑ „Billy Esteban: Mediterranean Sunset - Music Streaming - Listen on Deezer“. deezer.com. Посетено на 28 март 2020.
- ↑ „Cafe De Anatolia: Around the World - Music Streaming - Listen on Deezer“. deezer.com. Посетено на 28 март 2020.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Billy Esteban на Facebook
- Billy Esteban на сајту Soundcloud