Metro 2033

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Metro 2033
Metro2033 wiki.jpg
Омотот за Metro 2033
Изработувач(и) 4A Games
Издавач(и) THQ
Погон 4A погон
Подлоги Microsoft Windows, Xbox 360, OnLive
Датум на издавање 360 и Windows
СА 16 март, 2011
АВС 18 март, 2010
ЕВР 19 март, 2010
Жанр(ови) Преживувачки хорор, Пукачка игра од прво лице
Режим(и) Сингл-плеер
Медиум DVD, дигитална дистрибуција, cloud computing

Metro 2033 е пукачка игра од прво лице со хорор елементи, базирана на истоимената новела од рускиот писател Дмитри Глуховски. Изработена е од 4A Games во Украина, а издадена е од THQ. Играта е пуштена во продажба на 16 март 2011 година PC и Xbox 360.[1] Во март 2006 година, го објавија партнерството со Глуховски, за да соработуваат за играта.[2] Играта беше објавена на Game Convention во 2009 година, во Лајпциг[3], заедно со официјален трејлер.[4] Играта ќе има продолжение, наречено Metro: Last Light.

Гејмплеј[уреди | уреди извор]

Играчот е во улога на Артиом. Приказната се одвива во пост-апокалиптична Москва, најчесто во метрото, но повремено играчот извршува мисии на површината.

Во Metro 2033 има голем избор на оружја, некои фиктивни, некое базирани на вистински оружја, кои играчот ги користи во акција. Играчот се бори против мутанти, но и против човечки непријатели. Мутантите не користат оружја и се стремат физички да го нападнат играчот, додека пак, луѓето се борат со истите оружја кои се достапни на играчот. Здравјето се полни самото, па така доколку играчот биде погоден, тој може да го обнови здравјето доколку не се изложи на оган т.е. доколку најде заштита, како ѕид или некој објект. Но доколку, играчот сака здравјето да се обнови побрзо, може да користи инекции, кои го обновуваат здравјето речиси веднаш. Кога играчот е тешко повреден, може да поминат и преку 20 секунди пред здравјето целосно да се обнови.

Во пост-апокалиптична околина, муницијата е ретка и е од суштинско значење. Муницијата која е направена пред апокалипсата се користи како валута; играчот исто така може да користи муниција со низок квалитет, произведена во метрото. Поради недостигот на муниција, клучен аспект на играта е барањето на истата. Играчот може да ги претресе труповите и да ја истражува околината за муниција, но и за оружја и предмети. Воената муниција може да биде искористена за купување на друга муниција, оружје и предмети во повеќето од метро станиците.


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. THQ Unveils First Person-Shooter Metro 2033“, THQ, 22 октомври 2009 (посет. 9 јануари 2010 г).
  2. "4A Games announces its partnership with Dmitry Glukhovsky" (Adobe Flash). 4A Games. 30 March 2006. конс. 2010-01-09. 4A Games announces its partnership with Dmitry Glukhovskiy, the author of the cult postnuclear novel "Metro 2033" […] he will help create a game based on his novel, writing of its scenario, and working on its concept as an integral part of the 4A Games team. 
  3. "4A Games at Games Convention" (Adobe Flash). 4A Games. 9 August 2009. конс. 2010-01-09. 4A Games is ready to announce our first project which will appear on Games Convention in Leipzig! During the Exposition we will have an exclusive showcase of our product, codename "Metro 2033. The Last Refuge". 
  4. GC 2006 Trailer. 4A Games. 30 August 2009. http://www.gametrailers.com/video/gc-2006-metro-2033/12793. посет. 9 јануари 2010 г.