Прејди на содржината

Final Fantasy Versus XIII

Од Википедија — слободната енциклопедија
Final Fantasy Versus XIII
Лого
Изработувач(и) Сквер Еникс
Издавач(и) Сквер Еникс
Дизајнер(и) Шинџи Хашимото (продуцент), Тецуја Номура (директор на игра и дизајнер на ликови), Јоко Шимомура (композитор), Јошитака Амано (илустратор на слики и дизајнер на лого на насловот)
Серијал Fabula Nova Crystallis Final Fantasy XIII
Погон ќе биде објавено
Подлоги PlayStation 4
Xbox One
Датум на издавање ќе биде објавено
Жанр(ови) Акциона игра со играње на улоги
Режим(и) Еден играч
Рејтинзи CERO: Не е рангирана
Медиум Блу-реј диск
Начин на
контролирање
Шестоскин контролер

Final Fantasy Versus XIII (на англиски; на македонски: Крајна Фантазија Версус XIII; јапонскиファイナルファンタジー ヴェルサスXIII Фаинару Фантаји Верусасу Сатин) е акциона игра со играње на улоги создадена и издадена од „Сквер Еникс“ (Square Enix) ексклузивно за „Сони PlayStation 4“, „Microsoft Xbox One“ видео конзола за играње.[1][2] Заедно со Final Fantasy XIII и Final Fantasy Agito XIII, играта е дел од компилацијата Fabula Nova Crystallis: Final Fantasy XIII. Откривајќи се на E3 2006, играта се фокусира на мистериозниот протагонист, последниот од династијата владеејќи со единствениот останат град во светот контролиран од кристалите. Под непредвидени околности, тој е присилен да преземе акција кога неговото кралство, луѓе, и кристалите ќе бидат нападнати од разбојници сакајќи да го освојат градот и да ги земат кристалите за себе.[3]

Според создавачите на играта, играта не е продолжение и не е претходник на друг Final Fantasy XIII дел - тоа е независна приказна откривајќи поинакви ликови и визуелни дизајни. Според Сквер Еникс, секој наслов зазема место во истата вселена, но тие не се директно поврзани.[4]

Играта е дизајнирана од Тецуја Номура (Tetsuya Nomura), кој претходно ја дизајнираше серијата „Кралски Срца“ (Kingdom Hearts) заедно со Јоко Шимомура (Yoko Shimomura), заслужен за музиката и Шинџи Хашимото (Shinji Hashimoto), кој работи на продукцијата. Трејлерот на играта беше прикажан на двете E3 2006 и на Токио Гејм Шоу (Tokyo Game Show) и сега се достапни за јавноста. Сквер Еникс го прикажа новиот трејлер во затворен мега театар на Џамп Феста (Jump Festa), со нови акциони слики што ги прикажуваат борбите на протагонистот против војниците. Во новиот трејлер се гледаат борбите помеѓу протагонистот и новиот лик во бело, кој користи магии.[5]

Има малку информации што се однесуваат на дизајнот на заплетот на играта што се откриени до сега, додека претставниците на Сквер Еникс се одредени во тоа дека играта ќе биде акционо ориентирана и дека можеби ќе биде помрачна Final Fantasy.[3][6] Во интервјуто со Номура во списанието „Денгеки Плејстејшн 2“ (Dengeki PlayStation 2 magazine), тој изјавува дека имал намера да создава претходно невидени борбени секвенци, коишто потсетуваат на филмот Final Fantasy VII Advent Children. Различни мрежни места како што е ИГН (IGN) шпекулираат дека играта можеби ќе излезе во текот на 2008.

На латински, „версус“ (versus) може да значи „да се смени правецот“. На англиски, значи „против; во опозиција“.

Главниот лик со единаесет лебдечки оружја околу себе.

Во едно интервју, Номура вели дека играта ќе се игра како пореалистична верзија на „Kingdom Hearts“ со некои елементи од трето лице, игра со пукање слична на „Dirge of Cerberus“. Новите интервјуа ја одредуваат желбата на Номура да го турне надвор на лесниот магичен стил (тој специјално го наведува на „Kingdom Hearts“) и поставува помрачен реалистичен свет. Тој сака ликовите да се сфаќаат како вистински луѓе за играчот да може да се поврзе со нивните карактери.

Подесување

[уреди | уреди извор]

Како во сите Final Fantasy, стилот на овој свет е единствен, прикажувајќи заедно модерна и средновековна естетика. Земјата на главниот лик се прикажува како многу напредна и модерна, додека нивните соседи се прикажуваат како заостанати во ера слична на европскиот среден век. Главна сила во светот се кристалите. Сите земји околу земјата на главниот лик ги имале кристалите некое време, но ги изгубиле во континуираните војни.[7] Тие ги претвориле нивните ресурси во оружја, давајќи повеќе предност на пушки, отколку на мечеви и магии. Сега, само земјата на главниот лик ги има кристалите, повлекувајќи дебата за нивно воено користење.[8] Во меѓувреме, се разговара за мировен договор (Споменато на радио во ЈФ трејлерот). Но, разбојниците со пушки го освојуваат градот и главниот лик се бори со нив, нарушувајќи го мирот.

Тецуја Номура вели: „Versus XIII треба да наликува на модерен свет. Јас сакам да го направам овој свет да наликува на нашиот свет во кој живееме денес. Ова е интегрирано во приказната, но причината што јас одбрав да го користам цитатот на Шекспир на почетокот на трејлерот е за да направам врска со реалниот свет во кој живееме денес“.

Лицето на протагонистот одблиску додека го извлекува оружјето.

Протагонистот во Final Fantasy Versus XIII, се вика Ноктис Луцис Каелум - Noctis Lucis Caelum (ノクティス・ルシス・チェラム, Nokutisu Rushisu Cheramu), и тој е последниот наследник на династијата Каелум, која владее со последниот град - држава која ги контролира кристалите. Тој го заштитува својот дом од разбојниците кои имаат план за освојување на градот и за земање на кристалите за нив. Поседува неколку различни оружја, вклучувајќи мечеви, копја и друго, и дури може (телекинетички или на друг начин) да направи поединечно да се движат во воздух и да направи бариера околу себе.[9] Тој исто така демонстрира сила на телепортација. Неговите физички одлики изгледа се менуваат во зависност од акциите, бојата на очите се менува во црвена кога држи меч и неговата коса светка бело кога се телепортира. Номура вели дека неговите очи се менуваат во повеќе бои, на пр. во светложолта кога држи различен меч, и други бои како што е зелената. Целото име на Ноктис на латински значи "Светлина на ноќното небо".[10][11] и неговиот прекар е Нокт - "Noct".[11]

Номура исто така потврдил дека ќе има лик, паралелно со протагонистот, кој ќе биде присутен во играта.

Друг откриен лик е мистериозниот војник. Овој незнаен воин носи средновековен оклоп, но носи модерно автоматско оружје. Друг откриен лик е фигура облечена во бело (можен симболичен контраст на темната облека на протагонистот) претставен е во новиот трејлер. Ликот е виден во зградата на протагонистот во близина на замокот каде што изговараат магии еден против друг и со тоа се прикажува дека тие се непријатели.

Приказна

[уреди | уреди извор]

Кралството на главниот лик е заштитенo од кристалите во текот на многу генерации. Додека непријателите од другиот свет доаѓаат за да ги земаат на кристалите, главниот лик, млад човек, ќе ги заштитува кристалите од непријателите. Главниот лик всушност не е крал, но е дел од кралската лоза.

Создавање

[уреди | уреди извор]

Создавањето на Final Fantasy Versus XIII започнува околу две до три години пред E3 2006, во врска со Final Fantasy XIII, по техничкото демо на Final Fantasy VII за Плејстејшн 3.[12] Поголемиот дел од создавањето започнува на Плејстејшн 2, но подоцна се префрла на Плејстејшн 3, кога тимот увидува дека едно ДВД на Плејстејшн 2 не е доволно за да се складира целиот материјал на играта.

Со создавањето на Final Fantasy Versus XIII исто така никогаш не се размислувало за брендирање на целосно нова Final Fantasy XIV, како концепт, и позадината на играта не е можно во стандардното бројчено повторување на лиценцата.[13]

Сквер Еникс изјавува во почетокот на 2007 дека тие ја имаат лиценцата Epic Games Unreal Engine 3 за да го користат во идните генерации на наслови, но заборавиле да споменат кога ќе биде адаптиран Final Fantasy Versus XIII, додека Final Fantasy XIII сѐ уште го користи графичкиот погон „White Engine“.[14][15]

Објавено е дека Final Fantasy Versus XIII ќе користи шестоскин контролер на Плејстејшн 3. Но, неговото користење во играта останува да се открие.

  1. „Square Enix unveils the next generation of Final Fantasy“. Square Enix. 8 мај 2006. Посетено на 2009-04-01.
  2. McWhertor, Michael (14 јули 2008). „No Changes On Final Fantasy Versus XIII Being PS3 "Exclusive". Kotaku. Посетено на 2009-04-01.
  3. 3,0 3,1 Dengenki (2006). „Dengeki E3 2006 Interview“. Final Fantasy-XIII.net. Архивирано од изворникот на 2011-09-29. Посетено на 2009-03-08.
  4. Brudvig, Erik (8 мај 2006). „Final Fantasy XIII Preview“. IGN. Архивирано од изворникот на 2013-03-10. Посетено на 2009-04-01.
  5. Edge staff (25 јуни 2007). „INTERVIEW: Tetsuya Nomura“. Edge (magazine). Посетено на 2009-04-01. Text "Edge]]" ignored (help); Недостасува |author1= (help)
  6. LEVEL magazine (2007). „LEVEL May 2007 Interview Transcript“. Final Fantasy-XIII.net. Архивирано од изворникот на 2009-03-28. Посетено на 2009-03-08.
  7. IGN Staff (10 јануари 2007). „Final Fantasy XIII Update“. IGN. Архивирано од изворникот на 2009-05-05. Посетено на 2009-04-01.
  8. Haynes, Jeff (8 мај 2006). „Final Fantasy Versus XIII Preview“. IGN. Архивирано од изворникот на 2009-02-27. Посетено на 2009-04-01.
  9. Gantayat, Anoop (19 јануари 2007). „Final Fantasy XIII Update“. IGN. Архивирано од изворникот на 2008-10-21. Посетено на 2009-04-01.
  10. „Final Fantasy XIII: His name is Snow“. GameKyo. Посетено на 2009-03-03.
  11. 11,0 11,1 „スクウェア・エニックスのクローズドメガシアター、注目の最新情報をまとめてお伝え!“ (јапонски). Famitsu. 9 октомври 2008. Посетено на 2009-03-03.
  12. Gantayat, Anoop (2007-05-31). „Gaimaga Blows Out Final Fantasy XIII“. IGN. стр. 1.
  13. Gantayat, Anoop (2007-05-31). „Gaimaga Blows Out Final Fantasy XIII“. IGN. стр. 2.
  14. Jenkins, David (25 јануари 2007). „Square Enix Licenses Unreal Engine 3“. Gamasutra. Посетено на 2009-04-01.
  15. Goldstein, Hilary (25 јануари 2007). „Final Fantasy Meets Gears of War“. IGN. Архивирано од изворникот на 2008-10-05. Посетено на 2009-04-01.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]