Final Fantasy Agito XIII

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Final Fantasy Agito XIII
Final Fantasy Agito XIII Logo
Изработувач(и) Сквер Еникс
Издавач(и) Сквер Еникс
Дизајнер Косеи Ито (продуцент на играта) Хаџиме Табата (директор на играта) Такехару Ишимото (композитор) Тетсуја Номура (дизајнер на ликовите) Јошитака Амано (Илустратор на слики и дизајнер на лого) Јусуке Наора (уметнички директор)
Серијал Fabula Nova Crystallis Final Fantasy XIII
Подлоги Мобилен телефон
Датум на издавање Ке биде објавено
Жанр(ови) Игра со играње на улоги
Режим(и) Еден играч, повеќе играчи

Final Fantasy Agito XIII(на англиски; на македонски: Крајна Фантазија Агито XIII; јапонски:ファイナルファンタジー アギトXIII Фаинару Фантаји Агито Сатин) е видеоигра за мобилни телефони кои заедно со Final Fantasy XIII и Final Fantasy Versus XIII, ја прават компилацијата Fabula Nova Crystallis: Final Fantasy XIII до сега. Откриен на E3 2006, играта му понудува на играчот лесна достапност до универзумот на FINAL FANTASY XIII. Поставувајќи ги играчките функции достапни само на мобилни телефони, овој наслов му овозможува на играчот единствена приказна достапна секаде во нивниот реален живот.

Играта е поставена во училиштето за магии наречено "Академија",[1] и кое се раширува во поголем свет надвор од училиштето. Опишана е како онлајн игра со играње на улоги, но не како "масивна игра со повеќе играчи". "Агито" на латински приближно значи "Јас се впуштив во движење" [1] (на англиски приближно значи "раздвижува").

Ликови[уреди]

Ликот без име кој користи шпил од карти како оружје.

Откриени се тринаесет ликови, дванаесет кои се прикажани како студенти. Оружјата вклучуваат долг меч, катана, пиштоли, пушка, боздоган, лак и стрела, копје, коса за косење, продолжено чукало, голи тупаници, флејта и шпил од тарот карти. Тринаесеттиот лик е Мугл (Moogle) користен во предходните игри Final Fantasy. Ликот со шпил од карти изгледа има поголема важност отколку другите ликови (прикажани на постер на 2006 Токио Гејм Шоу (Tokyo Game Show)).

Наводи[уреди]

Надворешни Врски[уреди]