Гејмспот

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Гејмспот е веб-сајт за компјутерски игри што обезбедува вести, рецензии, можности за испробување и симнување на игри. Основан во 1996 година од Пит Димер, Винс Броди и Џон Епстеин. По извесно време го има купено ЗДНЕТ, кој нешто подоцна го купи ЦНЕТ. Според Алекса, Гејмспот е еден од двестоте најпосетувани веб-сајтови на интернет.

Покрај "официјалните" содржини создадени од персоналот, Гејмспот овозможува и голема доза учество на корисниците, кои може да пишуваат преку рецензии, блогови и форумски дискусии. Форумите делумно се препокриваат со уште еден сајт на ЦНЕТ, ГејмЕфајкјус (Најчесто поставувани прашања за игри).