Прејди на содржината

Aechmea fasciata

Од Википедија — слободната енциклопедија
Aechmea fasciata
Научна класификација
Царство: Растенија
Ред: Тревовидни
Семејство: Bromeliaceae
Род: Aechmea
Вид: A. fasciata
Научен назив
Aechmea fasciata
(Џ. Линдли) Џ. Г. Бејкер[1]
Синоними

Aechmea fasciata var. flavivittata Reitz
Aechmea fasciata var. pruinosa Reitz
Aechmea fasciata var. purpurea (Guillon) Mez
Aechmea hamata Mez
Aechmea leopoldii Џ. Г. Бејкер
Billbergia fasciata Џ. Линдли
Billbergia glazioviana Regel
Billbergia rhodocyanea Lem.
Billbergia rhodocyanea var. purpurea Guillon
Hohenbergia fasciata (Џ. Линдли) Schult. & Schult.f.
Hoplophytum fasciatum (Џ. Линдли) Beer
Platyaechmea fasciata (Џ. Линдли) L.B.Sm. & W.J.Kress
Tillandsia bracteata Vell.

Aechmea fasciata вид на цветно растение од фамилијата Bromeliaceae.[2] Ова растение е нативно во Бразил. Растението е најпознатиот вид од овој род и често се одгледува како домашно растение во умерените области.

Опис[уреди | уреди извор]

Растението расте бавно, достигнувајќи 30-90 см во висина, и ширина до 60 см. Има елипсовидно-овални листови 45-90 см долги и распоредени во базална розета.[3]

Услови за одгледување[уреди | уреди извор]

Aechmea fasciata бара делумна сенка и добро исцедена почва, но што ја задржува влагата. Може да се одгледува и епифитски, како, на пример, со мов околу неговите корени и парчина од груба кора. Гниењето на коренот може да биде проблем ако почвата е премногу влажна. Ако е засадено во саксии, почвата треба да содржи многу кисела органска материја. Розетата формирана од листовите треба да се чува наполнета со вода. Размножувањето е од странични ластари кои природно се развиваат околу основата на главната розета.[4]

Инсектите и комарците понекогаш се размножуваат во водата што е заробена меѓу лисјата.

Токсичност[уреди | уреди извор]

Aechmea fasciata е наведена во Базата на податоци за отровни растенија на ФДА во делот за „Растенија со супстанци кои ја иритираат кожата“ и е познато дека предизвикува контактен дермититис, фитофото дерматитис и контактна алергија.[5]

Сорти[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Aechmea fasciata“. Обединет таксономски информативен систем. Посетено на 13 мај 2022. (англиски)
  2. „Aechmea fasciata (Lindl.) Baker“. Plants of the World Online. The Trustees of the Royal Botanic Gardens, Kew. n.d. Посетено на 13 мај 2022.
  3. (Report). Отсутно или празно |title= (help)
  4. Chiusoli, Alessandro; Boriani, Luisa Maria (1986). Simon & Schuster's guide to houseplants. Њујорк: Simon and Schuster. ISBN 0671631314.
  5. „FDA Poisonous Plant Database“. U.S. Food and Drug Administration. Посетено на 13 мај 2022.
  6. BSI BCR Entry for 'Aton'
  7. BSI BCR Entry for 'Frost'

Надворешни врски[уреди | уреди извор]