1899 (ТВ-серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
1899
Плакатот на серијата
Жанр
  • мистерија
  • ужаси
  • научна фантастика
Создадена од
Режирана одБаран бо Одар
Композитор(и)Бен Фрост
Земја на потеклоГерманија Германија
Првичен јазик
  • англиски
  • шпански
  • француски
  • полски
  • германски
  • дански
  • португалски
  • кантонски
Бр. на сезони1
Бр. на епизоди8
Производство
Местоположба
  • Германија
  • Обединето Кралство
Времетраење50 — 62 минути
Продукциска куќаDark Ways
Прикажување
Првична мрежаNetflix
Првично прикажување17 ноември 2022 (2022-11-17)
Надворешни врски
Мрежна страницаnetflix.com/title/80214497

1899 (англиски: 1899) — германска драмска телевизиска серија со елементи на мистерија и ужас, создадена од Јантје Фризе и Баран бо Одар. Телевизиската серија од осум епизоди имала премиера на Netflix на 17 ноември 2022 г. На почетокот на јануари 2023 г., Netflix ја откажал серијата по првата сезона, иако авторите рекле дека требало да има уште 2 сезони.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Годината е 1899. Патници од различни националности и општествена положба патуваат на „Кербер“ од Европа до Њујорк за да започнат нов живот. При преминувањето на Атлантикот добиваат сигнал за помош од бродот „Прометеј“, кој исчезнал пред четири месеци.

Воспримање[уреди | уреди извор]

На агрегаторната веб-страница Rotten Tomatoes, телевизиската серија има оценка од 79 % врз основа на 29 критики од критичарите, со просечна оценка 6,8 од 10.[2] На агрегаторната веб-страница Metacritic, телевизиската серија има оценка 69 од 100 врз основа на 11 критики од критичарите, што значи „во целост поволни критики“.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Latif, Leila (2022-11-17). „1899 review – this painfully slow sci-fi show is absolutely agonising“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 2024-04-27.
  2. „1899: Season 1 | Rotten Tomatoes“. www.rottentomatoes.com (англиски). Посетено на 2024-04-27.
  3. „1899 season 1“. www.metacritic.com (англиски). Посетено на 2024-04-27.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]