Штитоносец
Штитоносец[1][2] или оруженосец[3][4] (англиски: squire, француски: écuyer, германски: Knappe) — историски поим што ја означува втората фаза во војничко образование на млад благородник на патот да стане витез, обично од четиринаесеттат до дваесет и првата година. Овој степен на образование во Западна и Централна Европа во ерата на развиениот феудализам (11-15 век) е еквивалентно на титулата калфа за млади луѓе кои учеле занаети од мајстори во градовите, додека долниот степен паж одговарал на чирак.[б 1] Во Велика Британија, оваа титула и денес се користи[б 2] како титула на нижото земјопоседничко благородништвото (под барони и витези).
Историја
[уреди | уреди извор]Како посебен, феудален воен сталеж (латински: milites- војници) во Западна Европа, витештвото се појавило во раниот феудализам, во Франкија, а својот целосен развој го достигнало во 11-13 век. Приемот во витешкиот ред се вршел според посебни правила, по завршувањето на военото образование кај постар благородник или витез, откако кандидатот поминал одреден број години во служба (обично 7 години како паж и уште 7 како штитоносец). Многу ретко, витез можел да стане истакнат воин кој не бил од благородничко потекло.[5]
Веќе од седумгодишна возраст, синовите на благородниците и витезите биле примани во дворската служба или на витез како пажеви. Во замена за службата добивале домување и храна и војничко и судско образование. На 14-годишна возраст, тие станувале штитоносци или оруженосци, а на 21 биле прогласувани за витези.[5]
Белешки
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „штитоносец“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „штитоносец“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „оруженосец“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „оруженосец“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ 5,0 5,1 Никола Гажевић, Војна енциклопедија (књига 10), Војноиздавачки завод, Београд (1976), стр.517
Литература
[уреди | уреди извор]- Никола Гажевиќ, Воена енциклопедија (книга 10), Воена издавачка куќа, Белград (1976), стр.517