Чирак (село)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Чирак)
Чирак
Άγιος Κοσμάς
Чирак is located in Грција
Чирак
Чирак
Координати: 40°09′N 21°15′E / 40.150° СГШ; 21.250° ИГД / 40.150; 21.250Координати: 40°09′N 21°15′E / 40.150° СГШ; 21.250° ИГД / 40.150; 21.250
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругГребен
ОпштинаГребен
Најм. вис.&10000000000000940000000940 м
Население (2011)[1]
 • Општ. един.68
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.51100
Повик. бр.24620

Чирак (грчки: Άγιος Κοσμάς, до 1927 година Τσιράκι, Цираки[2]) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес Грција. Според пописот од 2011 година селото брои 68 жители

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на околу 20 километри северозападно од градот Гребен.

Историја[уреди | уреди извор]

За време на Османлиското Царство[уреди | уреди извор]

Се смета дека првичното име на селото било Мелидоништа. Во XVII век селото било опустошено од албански наезди. Преживеаните семејства основаат, малку понајуг, ново село чие име било Чирак. Селаните добиле заштита од Омер-бег, албански големец, а за возврат станале негови чифлигари.[3]

Кон крајот на XIX век Чирак е христијанско грчко село во нахијата Жупа на Населичката Каза на Османлиското Царство. Според грчката атинска статистика од 1910 година во Чирак живееле 230 Грци христијани.[4]

Во Грција[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Насинокос станува дел на Кралството Грција.

Во 1927 година името на селото е сменето во Агиос Космас, во чест на светецот Кузман Етолиски (1714-1779) кој извесно време учителствувал во Чирак.

Демографија[уреди | уреди извор]

Неговото население до 1913 веројатно го сочинувале Грци муслимани. К’нчов воопшто не го спомнува. Во пописот од 1913 година евидентирани се 188 жители, а во 1920 година 199 жители. По присилното иселува на Грците муслимани во 1923 година по сила на Лозанскиот договор, во селото биле доселени 63 бегалски семејства со 182 жители колку што броело селото на пописот во 1928 година[5].

Пописи[уреди | уреди извор]

  • 1913 - 265 жители [6]
  • 1920 - 263 жители
  • 1928 - 225 жители

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 295 241 206 110 153 89 68 49
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението во селото произведува жито, тутун, градинарски производи, овошје и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство. Дел од обработливата површина се наводнува од реката Бистрица.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

ЦркватаСв. Атанасиј“, се наоѓа на 300 метра јужно од централната црква и е изградена околу 1500 г. Истоимената голема црква „Св. Атанасиј“ во центарот на селото е подигната околу 1750 г. Освен наведените, во реонот на селото има уште четири храма - „Свети Козма Етолиски“, изградена во 1967 година во византиски стил на влезот во селото по иницијатива на владиката Августин Кандиотис; „Света Петка“, мал параклис на два километра северно од селото; параклисот „Свети Николај“ и гробишната црква „Свети Јоан“, изградена во 1972 година од браќата Лазос.[7] Од јули 2008 година во селото е отворен етнографски музеј.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τσιράκι -- Άγιος Κοσμάς
  3. „Τόλιος, Αθανασίος. ΙΣΤΟΡΙΚΑ-ΛΑΟΓΡΑΦΙΚΑ ΑΓΙΟΥ ΚΟΣΜΑ ΓΡΕΒΕΝΩΝ“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-05-16. Посетено на 2017-03-21.
  4. Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος. Η Μακεδονία : εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι,1910, σ.111.
  5. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 1. Скопје. стр. 134.
  6. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2012-07-31.
  7. „Το Χωριό μας (σήμερα και χθες)“. Άγιος Κοσμάς. Архивирано од изворникот на 2014-05-02. Посетено на 2017-03-21.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]