Прејди на содржината

Чукалка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чукалка
Рачно вршење со чукалка на гумно.

Чукалка[1][2] или чукало[3][4] — стара земјоделска алатка која се користела за вршење на житото по жетвата со цел да се одвои зрното од сламата за понатамошна обработка на зрното.

Чукалката се состои од дрвен држач (рачка) на кој со помош на елеастичен материјал (најчесто кожа) се прикачува пократко парче од грубо обработено тврдо дрво.

Вршењето се обавувало на гумна. Во средината на просторот на гумното се истоварале сноповите и се одрврзувале, а околу него стоеле вршачите со чукалки кои ги вртеле во воздух и со нив мавале по разврзаните снопови во правилен ритам, со што зрното се одвојувало од класот. Одвојувањето на зрната од плевата се правело со веење.

Поврзано

[уреди | уреди извор]