Чибук

Од Википедија — слободната енциклопедија
Цртеж од 1838 година на стражари кои пушат долги чибучки лулења во турско кафе, прикажана во Патувања во Западен Кавказ од Едмунд Спенсер.

Чибук (турски: çıbuk, çubuk, „стап“)[1] — релативно долга шуплива цевка за тутунско луле, често во комплет со глинена посатка украсена со скапоцени камења.[2][3] Цевката на чибукот обично е во распон од 1,2 до 1,5 метри, малку повеќе дури и од цевките од западните черчворден лулиња. Иако се првенствено познати како турски лулиња, чибуците исто така се популарни во Иран.

Како и кинеските опиумски лулиња, чибуците се стари уреди за пушење и многу ретко се произведуваат во современо време. Нивната употреба во Турција и на Блискиот Исток згаснала со порастот на популарноста на наргилето и цигарите. Старите чибуци и чинии за чибуци сè уште може да се купат како антиквитети.

Слични лулиња некогаш биле користени во Северна Африка за пушење хашиш.[4] Некои специјализирани чибуци се направени да служат како долги цевки за држење цигари. Некои имаат одвоиви делови за устата што се откачуваат.

Познато е дека Енвер-паша пушел чибук,[5] како и Јаргис ел-Џухари (Моалем Гургус Кофт), коптски египетски водач избран да биде општ надгледник на целиот Египет од Наполеон во 1798 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. chibouk, Dictionary.com Unabridged (v 1.1). Random House, Inc. 2009.
  2. „чибук“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „чибук“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  4. probertencyclopaedia.com Архивирано на 29 април 2013 г. Probert Encyclopedia - Chibouk
  5. flickr.com Детаљ од фотографија 1910 CORBIS на која Енвер-паша пуши чибук