Чаршаф (постелнина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
HK SW Hollywood Road Police HQ Art Demo 12-2009 bed and pillows in white.JPG

Чаршаф (турски: çarşaf) – покривка на постела, на јорган, - обично од памучно или ленено платно[1]. Чаршафот за постела е правоаголникправоаголна ткаенина кој обично се користи за прекривање на душекот или наместо горна прекривка со навлака. Најчесто се прави од памук, лен или свила. Исто така се изработуваат во памучно-фланелска, полиестерско-памучна (50:50) комбинација.

Чаршафите првенствено се користат од хигиенски причини, но и заради удобност и разубавување на изгледот на креветите. Традиционално биле бели, додека денес се користат и други бои. Бојата би требало да биде таква да може да прекрие евентуални дамки, а квалитетот на материјалот би требало да биде таков да може да издржи перење и чистење, да не избледи и да не доаѓа до деформација на обликот, собирање или ширење.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Чаршаф“ — Дигитален речник на македонскиот јазик