Јорган

Јорган (турски: yorgan) — прошиена дебела прекривка, наполнета со памук или со волна.[1] Исто така може да бидат наполнети и со долно перје. Јорганите може да бидат декоративни и да служат како прекривки, но најчесто се користат како топли прекривки. Имаат широка примена кај Амишите, на Хаваи и во Индија.
Јорганите ги изработуваат јорганџии.
Историја
[уреди | уреди извор]Записите покажуваат дека најраните јоргани биле направени во Кина, околу 3000 година п.н.е. Во раниот среден век, јоргани од пердуви од ајдер (вид на патка) ги користеле луѓето од северниот брег на Норвешка.[2] Викиншкиот брод Озеберг од 820 година од нашата ера содржел, меѓу другите работи, и пердувести јоргани. Во 15 век, пердувестите кревети (душеци) ги користеле богатите монарси во континентална Европа и во Англија, но не и нивните дворјани.[3]
Јорганите од пердуви доцна се појавиле во Англија. Писателот и политичар Самуел Пипс спиел со пердувест јорган на 9 септември 1665 година кога бил на гости кај својот пријател, капетан Џорџ Кок, чија сопруга била од Данциг.
Јорганите станале популарни во светот кон крајот на 20 век.[4]
Изглед и употреба
[уреди | уреди извор]Јорган, како и вреќата за спиење, може да биде исполнет со пердуви од различен квалитет, или со свила, волна, памук, вештачки влакна како што е полиестерска вата. Јорганите можат да се направат да бидат потопли од ќебињата без да станат тешки, а со тоа постелата станува поедноставна за местење, бидејќи не мора да се користат дополнителни ќебиња или други прекривки за креветот. Сепак, топлината што е потребна за различните сезони, може да се постигне само со употреба на јоргани со различна дебелина или различно полнење.
Самиот јорган може да се пере многу поретко, а во зависност од неговата содржина, може да е потребно специјализирано хемиско чистење. Така, човекот може да се покрие прво со нешто што лесно се пере, а одозгора да го постави јорганот. Иако е сосема можно да се користат горни чаршафи мешу човекот и јорганот, вообичаена практика е да се користат специјално изработени навлаки за јорганот, обично од памук или мешавина од памук и полиестер.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „јорган“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „The excavation of the Oseberg ship - Museum of the Viking Age“.
- ↑ „Straw mattresses, chaff beds, palliasses, ticks stuffed with leaves“. Oldandinteresting.com. 9 January 2008.
- ↑ „History of Featherbeds & Duvets“. Посетено на 15 December 2011.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]![]() |
„Јорган“ на Ризницата ? |