Чагос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Чагос
Наречен и: Chagos
Chagos map.PNG
Карта на архипелагот
Географија
МестоположбаИндиски Океан
Координати6°00′S 71°30′E / 6.000°ЈГШ 71.500°ИГД / -6.000; 71.500Координати: 6°00′S 71°30′E / 6.000°ЈГШ 71.500°ИГД / -6.000; 71.500
Поголеми островиДиего Гарсија, Перос Бањос, Саломон, Егмнонт
Управување
Обединето Кралство
Британски прекумотски територииБританска територија во Индискиот Океан
МонархЕлизабета II
Демографија
Население3,000 (2012)
Етнички групи
  • 95.88% Британци / Американци
  • 4.12% други


Чагос (англиски: Chagos Archipelago, малдивски: ފޯޅަވަހި, хинди: फेहंद्वीप, тамилски: பேகான தீவுகள்) е архипелаг, или група атоли, кои се наоѓаат во Индискиот Океан. Атолите се наоѓаат на гребенот Чагос-Лакшадвип, подводен планински венец.[1] Атолите заедно сочинуваат над 60 засебни тропски островчиња кои се наоѓаат на околу 500 км јужно од Малдивите.

Островите се познати и како Оилски Острови, а во минатото и како Басас де Чагас.[2] Чагос, заедно со Малдивите и Лакшадвип, создаваат екорегион.[3]

Чагос официјално се дел од Британската Индоокеанска Територија, а врз нив полага право и Маврициус бидејќи овој архипелаг бил одделен од Околните острови на Маврициус пред Маврициус да стане независен. Островите биле дом на Чагошаните за околу век и половина сè додека Британците не ги евакуирале нив во раните 1970-ти за да можат Американците да изградат воена база во Диего Гарсија. Така, островите присилно биле напуштени и од 1971, само најголемиот остров (Диего Гарсија) има постојано население, поточно со воен персонал.

Географија[уреди | уреди извор]

Вкупната површина на островите е 56,13 км², а најголемиот остров Диего Гарсија има 32,5 км². Вкупната површина, заедно со лагуните, е 15.000 км², од кои 12.642 км² се дел од Големиот чагоски насип.


атол/гребен/насип
(друго име)
вид површина (км²) број на
острови
местоположба
земја вкупно
0 неименуван насип потонат насип 3 04°25′S 72°36′E / 4.417°ЈГШ 72.600°ИГД / -4.417; 72.600
1 Колвокоресес потонат атол 10 04°54′S 72°37′E / 4.900°ЈГШ 72.617°ИГД / -4.900; 72.617 (Colvocoresses Reef)
2 Спикерс атол без вегетација 0.001 582 1) 04°55′S 72°20′E / 4.917°ЈГШ 72.333°ИГД / -4.917; 72.333 (Speakers Bank)
3 Бленхајм (Baixo Predassa) атол без вегетација 0.02 37 4 05°12′S 72°28′E / 5.200°ЈГШ 72.467°ИГД / -5.200; 72.467 (Blenheim Reef)
4 Бенерес подводен гребен 2 05°15′S 71°40′E / 5.250°ЈГШ 71.667°ИГД / -5.250; 71.667 (Benares Shoals)
5 Перос Бањос атол 9.6 503 32 05°20′S 71°51′E / 5.333°ЈГШ 71.850°ИГД / -5.333; 71.850 (Peros Banhos)
6 Саломон атол 3.56 36 11 05°22′S 72°13′E / 5.367°ЈГШ 72.217°ИГД / -5.367; 72.217 (Salomon Islands)
7 Виктори потонат атол 21 05°32′S 72°14′E / 5.533°ЈГШ 72.233°ИГД / -5.533; 72.233 (Victory Bank)
8a Нелсонс делови од голем атол
Голем чагоски насип
0.61 12642 1 05°40′53″S 72°18′39″E / 5.68139°ЈГШ 72.31083°ИГД / -5.68139; 72.31083 (Nelson Island)
8b Три Браќа (Trois Frères) 0.53 3 06°09′S 71°31′E / 6.150°ЈГШ 71.517°ИГД / -6.150; 71.517 (Three Brothers)
8c Игл 3.43 2 06°12′S 71°19′E / 6.200°ЈГШ 71.317°ИГД / -6.200; 71.317 (Eagle Islands)
8d Дејнџер 1.06 1 06°23′00″S 71°14′20″E / 6.38333°ЈГШ 71.23889°ИГД / -6.38333; 71.23889 (Danger Island)
9 Egmont Islands атол 4.52 29 7 6°40′S 71°21′E / 6.667°ЈГШ 71.350°ИГД / -6.667; 71.350 (Egmont Islands)
10 Каувин потонат атол 12 06°46′S 72°22′E / 6.767°ЈГШ 72.367°ИГД / -6.767; 72.367 (Cauvin Bank)
11 Овен потонат насип 4 06°48′S 70°14′E / 6.800°ЈГШ 70.233°ИГД / -6.800; 70.233 (Owen Bank)
12 Пит потонат атол 1317 07°04′S 72°31′E / 7.067°ЈГШ 72.517°ИГД / -7.067; 72.517 (Pitt Bank)
13 Диего Гарсија атол 32.8 174 42) 07°19′S 72°25′E / 7.317°ЈГШ 72.417°ИГД / -7.317; 72.417 (Diego Garcia)
14 Гангес потонат атол 30 07°23′S 70°58′E / 7.383°ЈГШ 70.967°ИГД / -7.383; 70.967 (Ganges Bank)
15 Вајт 3 07°25′S 71°31′E / 7.417°ЈГШ 71.517°ИГД / -7.417; 71.517 (Wight Bank)
16 Сентурион 25 07°39′S 70°50′E / 7.650°ЈГШ 70.833°ИГД / -7.650; 70.833 (Centurion Bank)
Чагос архипелаг 56.13 15427 64 04°54' to 07°39'S
70°14' to 72°37' E
1) број мали песочни суви насипи
2) главен остров и три мали островчиња во северниот дел

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Светски фонд за природа (2001). „Maldives-Lakshadweep-Chagos Archipelago tropical moist forests“. Профил на екорегионот во WildWorld. Национално географско друштво. архивирано од изворникот на 8 март 2010 г.. http://web.archive.org/web/20100308064632/http://www.nationalgeographic.com/wildworld/profiles/terrestrial/im/im0125.html. посет. 21 јуни 2012 г.  (англиски)
  2. „Track of the Calcutta East Indiaman, over the Bassas de Chagas in the Indian Ocean“. Catalogue.nla.gov.au. http://catalogue.nla.gov.au/Record/3665462. посет. 21 јуни 2012 г. 
  3. „Maldives-Lakshadweep-Chagos Archipelago tropical moist forests“. Земски екорегиони. Светски фонд за природа (WWF). http://worldwildlife.org/ecoregions/im0125. посет. 21 јуни 2012 г.  (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]