Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Пантелеј
![]() ![]() Успение на Пресвета Богородица
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Кочанско |
Парохија | Спанчевска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°58′4.8″N 22°18′36.8″E / 41.968000° СГШ; 22.310222° ИГДКоординати: 41°58′4.8″N 22°18′36.8″E / 41.968000° СГШ; 22.310222° ИГД |
Место | Пантелеј |
Општина | Кочани |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица Марија |
Завршено | 1872 |
Живопис | 1872 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабен |
Стил | преродбенички |
Успение на Пресвета Богородица — постарата од двете цркви на Пантелејскиот манастир во кочанското село Пантелеј, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Кочанското архијерејско намесништво во Брегалничката епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е еднокорабна градба, сместена непосредно до главната црква Св. Пантелејмон. Изградена е во 1872 г. под водство на игуменот Хаџи Харалампиј (иако самиот манастир е основан во 1864 година).[1] Живописана е истата година од самоковскиот зограф Захариј Доспевски. Од истиот период се иконостасот и иконите.
Во 2002 г. црквата е обновена под надлежност на митрополитот Агатангел Брегалнички (подоцна Повардарски) поради оштетеноста на нејзината внатрешност. Притоа е изработен нов резбан иконостас од копаничарот Слободан Димитров од Пробиштип, а фреските и иконите се дело на зографот Венко Цветков од Скопје.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Црква „Св. Пантелејмон“ — главната црква во Пантелејскиот манастир
- Брегалничка епархија
- Кочанско архијерејско намесништво
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Кочанско архиерејско намесништво“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 2022-11-27. Посетено на 31 март 2014.