Свети Троица — македонска православна црква, единствена селка црква на неготинското село Росоман и главна парохиска црква во Росоманската парохија..[1]
Црквата е изградена е во 1990 година, додека осветувањето на камен темелникот го извршил тогашниот архиепископ г.г. Михаил, како надлежен митрополит во Повардарската епархија. Со помош на митрополитот повардарски г. Агатангел и неговото доаѓање се смениле престолните икони, апостолите, дверите, чиј иконописец е Златко Александарски. Со благослов и помош на митрополитот се направил владички стол во средината на црквата и мал владички стол во олтарот, се направил престол за служење, се направиле ѓаконикот и жртвеникот. Олтарниот дел е фрескоживописан од страна на уметникот Светозар. „Св. Троица“ — осветена на 28 октомври2007 год. од Неговото Високопреосвештенство Митрополит Повардарски г. Агатангел.
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.