Црква „Св. Петка“ - Велгошти

Координати: 41°7′45.26″N 20°50′23.73″E / 41.1292389° СГШ; 20.8399250° ИГД / 41.1292389; 20.8399250
Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Петка

Поглед на црквата од далечина

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Велгошка
Местоположба

Карта

Координати 41°7′45.26″N 20°50′23.73″E / 41.1292389° СГШ; 20.8399250° ИГД / 41.1292389; 20.8399250
Место Велгошти
Општина Охрид
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Петка
Изградба 1890
Архитектонски опис
Архит. тип едноброда базилика

Света Петка — манастирска црква на Велгошкиот манастир „Св. Петка“ во охридското село Велгошти.[1]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата е сместена над селото Велгошти, на патот кон другиот селски манастир „Св. Илија“.[2] Изградена е на ридот Олмец.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Под сегашнава градба на црквата се пронајдени остатоци од малтер на пештерска црква.[3]

Црквата била изградена пред крајот на турската власт.[2]

На средната страна од надворешниот ѕид на петостраната апсида е забележано следново:[3]

Света Петка. Изградена по повелба на цар султан Абдул Хамид. Помош на народот во времето на игуманот Наум Илинчев. Во летото 1890 22 мај“.

Била проширена во 1922 година.[3]

Легенда[уреди | уреди извор]

Легендата за изградбата на црквата вели дека селаните најпрвин решиле да ја градат црквата посветена на Света Петка на различна локација од денешната, но Света Петка две ноќи по ред го рушела сработеното. Третиот ден, мештаните поставиле стража и дознале дека Света Петка го руши сработеното бидејќи истата сакала да биде подигната на денешната положба.[3]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Црквата била градена од камен. Нејзините димензии се 8 метри должина, 3 метри ширина и 6 метри височина.[2] Претставува едноброда базилика со две куполи.[3]

Иконостас[уреди | уреди извор]

Поседува иконостас, кој е нов, но поседува икони кои се заштитени од страна на Управата за заштита на културното наследство, меѓу кои се вбројува Богородица со Христос.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 48. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 Трифуноски, Јован Ф. (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Београд: Српска академија наука и уметности. ISBN 8670251582. OCLC 27418468.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Ристески, Стојан (1982). Велгошти: прилог за монографија. Охрид: Месна заедница на Велгошти.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]