Црква „Св. Никола Долни“ - Бер

Координати: 40°31′28.03″N 22°12′25.63″E / 40.5244528° СГШ; 22.2071194° ИГД / 40.5244528; 22.2071194
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола Долни
Άγιος Νικόλαος της Γούρνας
Поглед на црквата
Карта
40°31′28.03″N 22°12′25.63″E / 40.5244528° СГШ; 22.2071194° ИГД / 40.5244528; 22.2071194
МестоБер
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архит. типтрикорабна базилика
ЗавршенаXV век
Управа
Архијерејско намесништвоБер
ЕпархијаБерско-негушко-камбаниска

Свет Никола Долни (грчки: Άγιος Νικόλαος της Γούρνας, στις Γούρνες, Γουρναρας) — доцносредновековна црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Храмот е дел од парохијата на „Св. Јован Милостив“.[2] Го носи името на големиот дол (γούρνα, гурна) кој постоел меѓу оваа црква и црквата „Големи Свети Бессребреници“, и кој порано ги собирал водите од берските канали и ги носел во полето.[3]

Црквата е изградена на почетокот на XV век. Првично бил еднокорабен храм. По големи интервенции на од крајот на XV до почетокот на XVI век претворен е во трикорабна базилика со дрвен покрив. Живописот во конхата на апсидата се од времето на изградба на храмот, а оние во нартексот, каде е претставена и починатата ктиторка, Васило од Бер датираат од 1525 г. Зачувани се и подоцнежни фрески од XVII век.[1] Авторот на живописод од XVII век работел и во храмот „Св. Никола Рибарски“.[3]

Во 1924 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Άγιος Νικόλαος της Γούρνας“. Discover Veria. Посетено на 24 јули 2016.
  2. „Ενορίες“. Ιερά Μητρόπολη Βεροίας, Ναούσης και Καμπανίας. Посетено на 24 јули 2016.
  3. 3,0 3,1 „2015-12-6 στους Άγιους Νικόλαους στην Βέροια“. Η ιστορία μιας παρέας απο την Βέροια. Посетено на 24 јули 2016.
  4. „ΠΔ 3-11-1924 - ΦΕΚ 279/Α/6-11-1924“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Посетено на 9 јули 2018.[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]