Црква „Св. Никола“ - Трн
| |
![]() Поглед на црквата | |
Македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Могилска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°04′22″N 21°24′45.4″E / 41.07278° N; 21.412611° EКоординати: 41°04′22″N 21°24′45.4″E / 41.07278° N; 21.412611° E |
Населено место | Трн |
Општина | Битола |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Архитектонски опис | |
Портал „МПЦ“ |
Свети Никола — главна селска црква во селото Трн.[1] Црквата е сместена во непосредна близина на сретселото.
Архитектура[уреди | уреди извор]
Градбата на црквата има правоаголна основа со многуаголна апсида на источната страна. Главниот влез е сместен на западната страна и над него има ниша со фреска на која е прикажан Свети Никола. Во продолжение на западната страна, пред влезната врата е доградена припрата која е заградена со странични ѕидови. Црквата има и спореден влез кој се наоѓа на јужната страна и над него има празна полукружна ниша. Објектот е изграден од камен и тули, а покриен е со кров од ќерамиди.
Во дворот на црквата се сместени камбанаријата, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата има квадратна основа и се состои од три дела, така што најдолниот е со најголема, а најгорниот со најмала основа. Влезот во камбанаријата се наоѓа на јужната страна, а во најгорниот дел над него има бифора. Во долниот дел на западната страна има фреска над која е испишан датумот 5 октомври 1939 година.
Галерија[уреди | уреди извор]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 13. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Никола“ - Трн на Ризницата ?