Црква „Св. Никола“ - Брајчино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Никола
Викиекспедиција Преспа 127.jpg

Поглед на црквата

Македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Ресенско
Парохија Подмочанско-љубојнска
Местоположба
Координати 40°54′11″N 21°09′12″E / 40.90306° СГШ; 21.15333° ИГД / 40.90306; 21.15333Координати: 40°54′11″N 21°09′12″E / 40.90306° СГШ; 21.15333° ИГД / 40.90306; 21.15333
Населено место Брајчино
Општина Ресен
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 1871
Завршено 1872
Архитектонски опис
Архитектонски тип трикорабна
Портал „МПЦ“

Свети Никола — главна селска црква во селото Брајчино, Општина Ресен, Македонија. Се наоѓа во западниот дел на селото. Во кругот на црквата се наоѓаат и селските гробишта.[1]

Црквата била изградена во 1871/72 година и судејќи по сè, на место на постара црква.[1]

Градба[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Никола“ се наоѓа во северозападниот дел на самото село, до кој се стигнува по тесните асфалтирани улични, опкружени со камени ѕидови и стара селска архитектура на селото Брајчино.[2] Црквата се наоѓа во кругот на селските гробишта и претставува трикорабна градба со полукружна апсида, врз која се поставени седум плитки и лачно засведени ниши. Крај јужната и западната фасада, прилепени се затворените тремови и помошните простории.[2]

Црквата била изградена во 1871/72 година, што можеме да го дознаеме од натписот во нишата над влезот. Внатрешноста на црквата е надолжно поделена на три делови со два реда од по пет столбови. Нартексот на западниот дел од внатрешноста е одвоен со преграда и е подигнат со три скали повисоко од нивото на наосот. Над нартексот е направена галеријата на кат.[2]

Фрескоживопис[уреди | уреди извор]

Врз ѕидните површини на наосот и нартексот не се сочувало ѕидно сликарство.[2]

Живопис постои само во апсидата и во протезисот. Во конхата од апсидата насликана е „Св. Богородица со Христос“ на горниот дел и фигурите на архијереите „Св. Јован Златоуст“, „Св. Василиј Велики“, „Св. Никола“, „Св. Атанасиј“, „Св. Григориј“ и „Св. Спиридон“ во долната зона.[2]

Иконостас[уреди | уреди извор]

Иконостасот е составен од три реда на икони, царски двери и врати на јужниот и северниот дел на преградата. Иконите од иконостасот се работени во 1875 и 1889 година. Според сликарските натписи, постарите икони се дела на Апостол Стеријев од селото Пласје, а оние од 1889 година на зографот Атанас Димитри од селото Негован, Леринско.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешност
Внатрешност

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Јовановски, Владо (2005) (на македонски). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа. стр. 60. ISBN 9789989920554. https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/f/f8/%D0%9D%D0%B0%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B2%D0%BE_%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%BF%D0%B0.pdf. посет. 22 ноември 2016 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Палигора, Ристо (декември 2011). „Студија за манастирски туризам на Баба Планина“ (PDF) (македонски). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. конс. 22 ноември 2016. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]